Пензионерите најавуваат радикализација на протестите

Date:

Се продлабочува јазот помеѓу пензионерите и минстерката за труд и социјала. Јованка Тренчевска вели дека покачување на пензиите за 6,8 отсто не им ветила ниту таа, ниту било кој претставник од Владата. Негира и дека со последното покачување некој пензионери добиле само 200 до 300 денари плус на сметката. Ваквиот однос на минстерката дополнително ги револтира пензионерите. Со протестите нема за запрат. Сега ќе застант и пред Амерканската амбасада и Кацеларијата на ЕУ во Скопје.

Прилепските пензионери протестираа на излезот од Прилеп кај бензиската пумпа на Макпетрол, изразувајќи го незадоволството и од ставовите на Министерството за труд и социјална политика, воедно и на министерката Јованка Тренчевска, и од неприфаќањето за линеарно зголемување на пензиите.

-Револтирани сме, особено што може да се покачуваат платите на функционерите за 78 отсто, а нашето барање за линеарно покаќување било многу. Зошто не ги поделија линеарно овие 5,3 отсто, па сите да добијат исто. А не, оние со високи пензии по повеќе од 3000 денари, а ние по 600 денари, изјави пензионерот Крсте Бојоски.

Тој притоа повика да се слушне гласот на пензионерите, да се размисли и да се преземат мерки за подобар живот.

– Во последен момент ни даваат 5,3 отсто зголемување, а претходно најавуваа повеќе од шест проценти. Се чувствуваме како да не третираат како невредни, рече пензионерката Наде Гаврилоска.

Нов протест на пензионерите од Тетово имаше на градскиот плоштад по три недели мирување, од кој повторно побараа повисоки пензии. Пензионерите порачаа дека пензиите сега уште повеќе треба да се зголемат линеарно и тоа да биде 5000 денари поради повисоките цени на храната. Исто така сметаат дека минималната пензија треба да биде 20 илјади денари.

– Со тоа покачување од 5,3 отсто уште еднаш ја докажаа нивната арогантност, не понижија не потценија. Сакаа да не фатат на кондиција ама и во тоа не успеаа. Се служат со лаги, велат некој манипулира со нас. А ние се изјаснивме дека овие протести не се партиски. Партија и политика не нè интересираат. Ние се бориме за нашите права, а тоа е да ни овозможат достоинствен живот. Не гледаат во очи и не лажат. Бараме линеарно зголемување на пензиите бидејќи инфлацијата ги изеде тие 3500 денари. Кога има за нив 78 отсто покачување и 400 евра кои ги најавија од 1 јануари, епа ќе мора да има и за нас. Муницијата не е уште потрошена, се ближат избори. Знаат дека ние сме најголемата гласачка машина. Тогаш ќе го употребиме нашето најголемо оружје пенкалото, истакна во обраќањето кон пензионери Ленче Симовска.

Координаторот на републичкиот иницијативен одбор за протести на пензионерите Драган Угриновски за прв пат дојде во Тетово да им даде поддршка на пензионерите.

– Бараме задолжително присуство во работната група која работи на методологијата на пакетот, најмалку двајца наши претставници. Иако тие не одбиваат, работат нешто зад затворени врати, веќе два месеци не излегуваат со никакви предлози и никакви пакети, но ние си претседателката Станка се незаинтересирани за да им се помогне на пензионерите, ние ќе бараме и нивна оставка, истакна во обраќањето пред насобраните пензионери, Драган Угриновски.

Тетовските пензионери најавија и порадикални протести.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Во торнада, пожари и песочни бури загинаа најмалку 40 луѓе ширум САД

Најмалку 40 луѓе загинаа откако торнада го погодија средниот...

Центрите за изгореници во неколку холандски градови се подготуваат да примат жртви од пожарот во Кочани

Центрите за третман на изгореници во холандските градови Гронинген,...

Ребека: Да се молиме за Панчо ДНК, на апарати е!

Македонската пејачка Ребека Јанковска Ристевски упати апел за...

Српскиот конзул во Македонија ќе ги покрие трошоците за семејствата чии членови се хоспитализирани во Србија

Почесниот конзул на Србија во Македонија, Владимир Стајиќ, соопшти...