Пендиков го даде првиот исказ пред Судот во Охрид

Date:

Секретарот на зграснатиот бугарски клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, Христијан Пендиков, првпат даде исказ во рамки на судскиот процес кој се води во врска со неговото претепување во јануари годинава.

Првото рошиште за случајот се одржа во февруари, но досега повеќепати беше одложувано.

Во сослушувањето пред Судот во Охрид, Пендиков кажа дека обвинетите му нанеле тешки телесни повреди и го навредувале на национална основа оти се чувствувал како Бугарин.

Адвокатот на обвинетиот Илија Спасески, Димитрија Цобоски, по завршување на рочиштето кажа дека во целиот случај е вмешана политиката. Тој тврди дека не се работи за напад поради национално чувство бидејќи, како што рече, семејството на обвинетиот кого го застапува добило орден од бугарски министер за надворешни работи за укажана помош при спасување на бугарските државјани во бродската несреќа во Охрид.

Правниот застапник на Пендиков, адвокатот Стефан Камишевски, пак, ги демантира наодите на одбраната дека не се работи за напад поради национални чувства, бидејќи не биле поткрепени со докази. Додаде дека исказот на Пендиков ги опфатил сите аспекти од критичната вечер на 19 јануари кога беше претепан.

Христијан Педников беше претепан пред кафе бар во Охрид на 19 јануари годинава. Случајот предизвика тензии во односите меѓу Софија и Скопје, а по неговото лекување во Бугарија, Пендиков доби и бугарско државјанство.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Над 270 милиони евра потрошени по кафеани и хотели во Македонија во првите девет месеци од 2024 година

Македонските граѓани лани се опуштиле по кафеани ресторани и...

„Земји туѓи болки наши“ – Нова емотивна песна од Класико Бенд

Класико Бенд, еден од водечките македонски музички состави, го...

Ѕвездата од „Беверли Хилс“ низ солзи му се заблагодари на поранешниот сопруг

Актерката Џени Гарт, ѕвездата на серијата „Беверли Хилс“, го...

О, Боже, зошто се согласив на ова? – Џуд Ло ќе го глуми Путин

Познатиот британски актер Џуд Ло потврди дека ќе го...