Пендаровски со Вартоломеј разговараше за томосот за МПЦ-ОА

Date:

Без најава претседателот Стево Пендаровски во Истанбул се сретна со вселенскиот патријарх Вартоломеј и притоа се разговараше за целосното признавање на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Пендаровски му рекол на поглаварот на Цариградската патријаршија дека Македонија го очекува официјалниот документ за црковна самостојност – томосот.

Во соопштението на кабинетот на Пендаровски се вели дека претседателот упатил посебна благодарност до Вартоломеј за неговата посебна улога во надминувањето на црковниот спор поврзан со нашата црква.

„Преку неговата одлука од 9 мај 2020 година, денес нашата црква се наоѓа во канонско единство со другите православни цркви, прифатена како рамноправна со сите останати.

На средбата беше констатирано дека единствениот пат за добивање на легитимен и целосно прифатен томос за автокефалност е оној кој го издава Вселенската патријаршија.

Поради тоа очекуваме, како држава и црква од врховното институционално тело во православието, да ни го додели официјалниот документ за црковна самостојност – томос за автокефалност“, стои во соопштението.

Во него се додава дека „со одлуките на Вселенската патријаршија на нашата црква ѝ се признава правото на користење на името Охридска Архиепископија, што значи црковен континуитет од 1000 години.

Целосното заокружување на процесот на автокефалност е и од врвен национален интерес, бидејќи отвара можност за ново и духовно растење на Охридската архиепископија, напредок и помирување во македонското општество и држава“.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

КНИГА СО СЕНЗАЦИОНАЛНИ СВЕДОШТВА ЗА ТЕРОРОТ ВРЗ МАКЕДОНЦИТЕ ВО ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА

Неодамна во електронски формат е објавена книгата „МЕЃУ ПАРТИЗАНИТЕ...

АЛЕКСАНДАР ТРЕТИ МАКЕДОНСКИ ГО ПРЕСЕКУВА ГОРДИЕВИОТ ЈАЗОЛ (52)

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН...

Левица: Јавните претпријатија тонат во долгови – долгот надмина една милијарда евра

Со вкупен долг од над една милијарда евра, системот...