Пендаровски: Кризата да ја носат сите подеднакво, а не да се зголемува платата на функционерите кога сите други едвај „крпат“ крај со крај

Date:

Одлуката на Уставниот суд од пред два дена е поразвувачка. Би сакал да ја искоментирам пред воопшто да стане предмет во јавноста, а треба да стане. Невкусно е мојата плата, од сегашните 93 000 да биде 150 000 или на премиер, спикер на Парламент, министри од сегашни 80 000, да изнесува 130 000, рече вечерва претседателот Стево Пендаровски.

Според него, Владата мора да направи брза интервенција во Законот за плати.

Кризата треба да ја носат сите подеднакво, укажа претседателот, а не да се зголемува платата на функционерите кога сите други едвај „крпат“ крај со крај.

Уставниот суд поништува еден член од Законот за плати во кој платите на функционерите се врзани со коефициенти. Јас имам коефициент 4,5, значи 4,5 просечни плати од по 32 000. И тоа важи за сите функционери. Од правен аспект Уставнот суд е во право, а од аспект на Кривичниот законик, непочитување на Одлука на Уставен суд е кривично дело. Но, јас сакам да апелирам до Владата да го промени тој дел од Законот за плати со додавање еден член. Во оваа ситуација кога велиме дека имаме кризи кои се мултиплицираат и се засилуваат, со овие цени на продукти, со оваа инфлација, војна во Украина и пореметени пазари, мене и на функционирети да ни даваш плата повисока за 50 – 70 проценти,… Правнички е коректно, но Владата мора да направи брза интервенција во Законот за плати и да каже, на пример, не мора нивниот или мојот коефициент да биде 4,5 или 3,5, нека биде два, истакна Пендаровски во гостувањето на „Трилинг“.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Во торнада, пожари и песочни бури загинаа најмалку 40 луѓе ширум САД

Најмалку 40 луѓе загинаа откако торнада го погодија средниот...

Центрите за изгореници во неколку холандски градови се подготуваат да примат жртви од пожарот во Кочани

Центрите за третман на изгореници во холандските градови Гронинген,...

Ребека: Да се молиме за Панчо ДНК, на апарати е!

Македонската пејачка Ребека Јанковска Ристевски упати апел за...

Српскиот конзул во Македонија ќе ги покрие трошоците за семејствата чии членови се хоспитализирани во Србија

Почесниот конзул на Србија во Македонија, Владимир Стајиќ, соопшти...