Персона-нон-грата не се презема заради политички изјави, туку кога има индиции за закана за националната безбедност, вели претседателот Стево Пендаровски.
Тој претходно побара власта да забрани влез на неколку бугарски државјани, меѓу кои и на европратеникот Ангел Џамбаски.
„Да ги повторам основите – ако потенцијално е загрозен јавниот поредок, националната безбедност на Македонија или нашата меѓународна позиција, но би ги апострофирал првите две посебно, во тој случај ние треба да реагираме по тие основи. Мене тој тип не ми пречи колку сака да вика во центарот на Скопје дека јас не сум Македонец. На тој начин само се срамоти. Тоа се политички шарлатани, циркузанти кои кажуваат работи кои целокупната светка наука, но на прво место, чувствата на македонскиот народ ги демантираат“, вели Пендаровски за Телма.
Вели дека ние сме демократска држава и претендираме да бидеме и до крај вистинска европска демократија.