Пелистер ја продолжи негативната серија, а Башкими победничката

Date:

Попладнево во Битола се одигра последниот натпревар од 7.коло во Првата македонска фудбалска лига. Во него тимот на Пелистер го пречка кумановски Башкими, од кого загуби сo 1-2.

Пелистерци ја продолжија негативната серија, која сега е четири натпревари во низа со порази. Од друга страна Башкими го впиша четвртиот триумф сезонава.

Натпреварот го реши босанскиот интернационалец Хедим Хоџиќ кој со двата гола во првото полувреме. Гостите од Куманово поведоа уште во осмата минута. Не мина долго време кога Босанецот втор пат се впиша во листата на стрелци. Се играше 19-тата минута кога Хоџиќ зголеми на 2-0.

Во 53-минута пелистерци имаа голема шанса да намалат, но Ристевски не реализира пенал. Зелено-белите продолжија со офанзивната игра, а тоа вроди со плод во 63-минута по двојното проигрување на Спировски и Миленковски, по која Спировски намали на 1-2.

Со новите три бодови и вкупно 13, тимот од Куманово е на петтото место на табелата, а Пелистер со 6 е осми.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Македонија У20 поразена од САД на тестот во Бугарија

Репрезентацијата на Македонија до 20 години беше поразена со...

 Реал Мадрид бара од УЕФА да ѝ ги одземе титулите на Барселона!

Познатото досие што Реал Мадрид го подготвуваше во последните...

ПРИСТАП КОН СУДБИНАТА НА МАКЕДОНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЦИ ВО СВЕТОТ (19)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЛАВЕ КАТИН - ЖИВОТ И ДЕЛА“ Со...

Трамп бара од Израел и Иран веднаш да престанат со нападите

Американскиот претседател Доналд Трамп повика на итно запирање на...