Пелистер со пресврт славеше над Алкалоид и ја потврди вицешампионската позиција во Супер лигата

Date:

Ракометарите на Еурофарм Пелистер и официјално го освоија второто место во Супер лигата и следната сезона ќе имаат можност да настапат во групната фаза од Лигата на Европа. Битолчани три сезони по ред беа шампиони на Македонија, но оваа сезона завршија со 52 бода, колку што има и Охрид на третата позиција, односно осум помалку од шампионот Вардар.

Во мечот од последното коло, Еурофарм Пелистер на домашен терен славеше над Алкалоид со 31-26 и на тој начин дојде до второто место. Екипата од „Автокоманда“ одигра одлично прво полувреме, имаше водство и од три гола разлика, но на паузата замина со минимално водство од 14-15.

Резултатски пресврт се случи уште на самиот старт од второто полувреме, кога битолчани го презедоа водството и не го испуштија до крајот на мечот.

Алкалоид ја финишираше сезоната на четвртата позиција и ќе настапи во Европскиот куп, натпреварување кое го освоија минатата сезона.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

 Брзо тирамису

Тирамисуто е еден од најпознатите италијански десерти, а оваа...

ВИСТИНАТА ЗА ГОЛЕМОТО СЕМЕЈСТВОТО ВИДИНОВСКИ ОД КРСТОАР, БИТОЛСКО (56)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЛАВЕ КАТИН - ЖИВОТ И ДЕЛА“ Монографијата...

Ќе ги уништиме сите електрани и мостови на Иран ако не преговараат, се закани Трамп

Доналд Трамп синоќа се закани дека САД ќе ги...

Мицкоски не е оптимист за Изборниот законик, поради „неодговорни и незрели политичари во опозицијата“

Премиерот Христијан Мицкоски не е оптимист дека ќе постигнат...