Екипата на Еурофарм Пелистер ја оправда фаворитската улога и славеше над МРК Куманово со 36:23 во дуелот од шестото коло во Суперлигата.
Тимот што го предводи Лино Червар одигра колку што му беше потребно за да дојде до посакуваниот резултат и петтата победа во шампионатот со што во моментов е на првото место на табелата.
Пелистер во двете полувремиња даде по 18 голови со тоа што во првото му дозволи на противникот 11, а во второто 12 погодоци. Кузмановски со 7 и Атанасијевиќ со 6 реализации беа најефикасни играчи во победничкиот табор, додека Костов со 8 беше прво име кај поразените.
Следно за „зелено-белите“ е гостување во Германија и средба со бундеслигашот Гумерзбах во Европската лига на ЕХФ.





