Попладне во Битола паѓа разврската во групата А на СЕХА лигата. Иако сите три екипи го продолжуваат натпреварувањето, не е неважно кој од која позиција ќе тргне во четвртфиналниот двомеч. Со оглед на победите на домашните екипи во сите досегашни натпревари, ако Еурофарм Пелистер го совлада Нексе Нашице, сите три екипи ќе имаат ист број на голови и ќе решава севкупната гол-разлика. Дури и тука има шанси да дојде скоро до идентични бројки.
Мисија на битолчани е победа, а ако таа е нешто поубедлива ќе донесе прво или второ место, што би значело избегнување на ППД Загреб и четвртфинален двомеч со Татран Прешов, Вардар 1961 или Партизан.
Еве ги сите комбинации пред натпреварот.
Еурофарм Пелистер е прв во групата ако извојува победа од шест или повеќе голови разлика против Нексе Нашице
Еурофарм Пелистер е втор во групата ако победи со четири разлика или со пет, но да постигне 37 гола или повеќе
Еурофарм Пелистер е трет ако загуби или ремизира со Нексе или ако извојува победа до три гола разлика
Во случај да запише победа доволна за прво место во групата, Еурофарм Пелистер ќе го игра првиот четвртфинален натпревар во гости, а во случај да заврши второ или третопласиран најнапред ќе игра на домашен терен. Дуелот меѓу Еурофарм Пелистер и Нексе се игра попладне од 18:00 часот.
Слична драма може да настане и во Б групата, каде играат Вардар 1961, Татран Прешов и Партизан и каде исто така ниту една екипа нема гостинска победа. Преостануваат само уште двата натпревари меѓу словачкиот и српскиот претставник.
Четвртфиналните натпревари се предвидени за почетокот и средината на април, а завршниот турнир на оваа балканска зона на СЕХА лигата е предвиден за крајот на следниот месец.
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]




