ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „ПРИДОНЕСОТ НА МАКЕДОНИЈА ВО
СВЕТСКАТА ЦИВИЛИЗАЦИЈА“ ОД АКАДЕМИК АНТОНИЈЕ ШКОКЉЕВ-ДОНЧО И СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ-КАТИН

Градот Пела е познат како македонска престолнина и родно место на Александар Велики. Пела бил најголем град во Македонија и резиденција на кралевите сè до 168 п.н.е. Во римскиот период, како Kolonija Iulia Augusta, Пела бил значаен пункт на Игнацискиот пат и центар на Третата македонска област, како и најугледен град, со Бероја, во внатрешноста на Македонија. Како колонија Пела уживала италско право. Ја освоиле Готите во 478 година н.е.


Лихнида, главен град на охридско-преспанскиот географски комплекс, западно од земјата на Енхелејците, припоен на Македонија од Филип II, 358 п.н.е., бил силен културен и стопански центар на Горна Македонија. Во раноримскоит пеиод, на макгистралата Via Egnatia, добил самоуправа, додека во царскиот период станал седиште на епископијата. Многу археолошки наоди ги потврдуваат историските податоци за богат град каде пријатно се живеело и за силни природни утврдувања кои се спротиставувале на наездите на Теодориховите Готи, на крајот на V век. Во списокот на епископите, Лихнида се споменува и во XII век.


Едеса (Воден), во Ботиаја, во Долна Македонија, во текот на римските освојувања била еден од најстарите и најистакнатите градови во Македонија. Сè до кралот Архелај (413-399) била државен центар, кога престолнината на македонските владетели се преместила во Пела. Во римскиот период се наоѓала на магистралата Via Egnatia, бил голем и напреден град и имал свои ковани пари. Покрај тоа, во Едеса била развиена трговијата, а од овој град се мерела километражата. Својот идентитет и име, Едеса (од македонско потекло) ги сочувала за време на сите напади во средниот век, сè до денес.

Стоби на устието на реката Еригон (Црна) и Аксиј (Вардар), бил најголем административен, економски, културен центар на Северна Македонија во рим-скиот период. Во почетокот на доаѓањето на Римјаните, градот бил големо пазариште на сол и силен гарнизон на римските легионери за заштита и ширење на Империјата.


Со време, Стоби се нашол на значајни магистрални патишта. Околу 30 п.н.е. станал муниципиум, со право на ковање пари. Жителите на овој град стекнале римско граѓанско право, како привилегија која ја имале некои други градови во Македонија. Во текот на христијанизацијата, Стоби веќе во 325 н.е. станал епископско седиште, а нивниот епископ бил многу почи-туван и зел учество во Никејскиот собор, во Никеја во 325 н.е. Овој собор бил најсилна и историски најзначајна христијанска манифестација во Константиновиот период. Тоа бил прв во низата вселенски собири кои ги создале темелите на христијанската црква. И подоцнешните епископи од овој град биле многу активни на разни црквени собори сè до 692 година.


Стоби во својата историја го сочувал македонскиот јазик и култура покрај италската колонија и големите римски урбанистички достигнувања, кои се откриени во последните археолошки истражувања. Кон крајот на IV век градот доживеал силен земјотрес, но брзо бил обновен. По окупацијата и ограбувањето од страна на Готите, во околу 500 н.е., била изградена величествена базилка. Во средновековните извори Стоби не се споменува. Денес претставува археолошки локалитет.


Тесалоника (Солун), во богатата и густо населена област во Долна Македонија, Мигдонија, е еден од главните македонски градови во римскиот период. Бил дограден и утврден од александровиот генерал, подоцна крал на Македонија, Касандар, 315 п.н.е., во чест на својата сопруга Тесалоника, ќерка на Филип II. Солун опфаќал околу 26 воени антички населби, меѓу нив Терма, Кисос, Аполонија, Халастра, Аинеја и други. За време на Римјаните имал голем број жители (Ливије, XLV, 30).

Благодарејќи на својата одлична геополитичка положба, добро пристаниште на Егејското Море, на вертикалната и хоризонталната магистрала на Балканот, со трговска традиција и вредни жители, Тесалоника станала срце на целокупниот општествен, административен, воен, стопански и културен живот на Македонија и седиште на римската управа Провинција. Во периодот на подоцнешното царство и раното христијанство, градот станал центар на духовниот и верскиот живот на Македонија и поголемиот дел на Балканот.


За животот и развојот на Тесалоника како метропола, постои огромна литература, археолошки податоци, епи-грамски наоди и други материјални елементи. Интересни се некои кажувања на Плутарх. По победата во војната кај Филипа (во есента 42 н.е.), во најзначајниот град на Источна Македонија во римскиот период, победниците над Брут и Касиј, Марко Антонио и Гај Цезар, му доделиле на Тесалоника статус на слободен град, заради услугите и верноста.


Спротивно на тоа, Брут им ветил на своите легии дека ако добро се пока-жат во бојот, ќе им препушти да го ограбуваат Тесалоника колку што им е драго (Плутарх, 466, 46). Овој статус останал неколку векови подоцна. Римската посада е поставена дури со појавата на Готите, околу 250 година, кога градот добил статус на колонија.


Во периодот на Византија, значението на Тесалоника растело сè повеќе и станал втор град, Константипол. Во тоа време градот станал седиште на перфектите и егзархатите за Илирик, седиште на метрополијата на Македонија, петто по ранг после римското, александриското, цариградското и антиохиското.


Со постојаниот растеж на трговијата и поморството, Тесалоника станала едно од главните пристаништа на Империјата, центар на културата, образованието и науката. Како главен македонски град, благодарејќи на одличните утврдувања и положбата, успешно се спротиставувал на постојаните наезди на средновековните варвари и го преживеал, без поголеми потреси, пропаѓањето на античкиот свет.

Продолжува

Пишува: СЛАВЕ КАТИН