Пекол во Авганистан по катастрофалниот земјотрес, повеќе од 800 луѓе загинаа

Date:

Бројот на жртви од катастрофалниот земјотрес што го погоди Авганистан се искачи на над 800, изјави портпаролот на талибанската влада, при што повеќето од смртните случаи се регистрирани во оддалечената покраина Кунар.

Околу 800 луѓе загинаа, а 2.500 се повредени во Кунар, изјави портпаролот Забихула Муџахид на прес-конференција во Кабул, додавајќи дека бројот на 12 мртви и 255 повредени во покраината Нангархар не се променил.

Жител на авганистанскиот округ Нургал, една од најтешко погодените области во Кунар, рече дека речиси целото село се урнало под силата на земјотресот. „Децата се под урнатините. Старите лица се под урнатините. Младите се под урнатините“, изјави тој за Асошиејтед прес. „Ни треба помош тука“, замоли тој. Ни треба луѓе да дојдат тука и да ни се придружат. Да ги извлечеме луѓето што се затрупани. Нема никој што може да дојде и да ги извади мртвите тела од под урнатините.“

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, изрази сочувство до погодените од земјотресот во Авганистан.

„Целосно се солидаризирам со народот на Авганистан по разорниот земјотрес што ја погоди земјата порано денес“, рече тој.

ООН претходно објави на социјалните мрежи дека нејзините тимови во Авганистан „обезбедуваат итна помош и поддршка за спасување животи“.

Но, многу од најтешко погодените области се оддалечени и имаат ограничени телекомуникациски мрежи, што ги комплицира спасувачките напори.

„ООН во Авганистан е длабоко тажна поради разорниот земјотрес што го погоди источниот регион, одземајќи стотици животи и повредувајќи многу повеќе. Нашите тимови се на терен и обезбедуваат итна помош и поддршка за спасување животи. Нашите мисли се со погодените заедници“, наведе мисијата на ОН во Авганистан изјави на Х.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Барса со победата над Реал до шампионскиот трофеј во Ла Лига

Фудбалерите на Барселона се старо-новите шампиони на Шпанија. Каталонскиот...

Македонија ЃП и Работнички испаднаа од елитата

Во завршницата на сезоната во Првата македонска фудбалска лига,...