Педро Паскал и Џенифер Анистон се новиот холивудски пар?

Date:

Актерката Џенифер Анистон била забележана во друштво на актерот Педро Паскал во саботата навечер, по тричасовна вечера во хотелот „Сансет тауер“, пренесува „Дејли мејл“.

Анистон за оваа прилика носела црни фармерки, бела маица, црн елек и чизми со потпетици, додека Паскал бил облечен во црна јакна и фармерки.

Иако актерите пристигнале одделно по 20 часот и ја напуштиле вечерата околу половина час пред полноќ, исто така одделно, биле фотографирани како разговараат еден со друг надвор од просторот за послуга пред да се разделат.

Оваа нивна дружба се случи непосредно по шпекулациите дека Паскал би можел да ѝ се приклучи на актерската екипа на серијата „Утринска емисја“ („The Morning Show“), во која игра Анистон.

За време на црвениот тепих на наградите Критикс чоис, Анистон и нејзината колешка Рис Витерспун јавно го поканија Паскал да им се придружи во четвртата сезона на серијата.

„Сакаш ли да бидеш дел од серијата?“, го праша Анистон актерот, на што Витерспун додаде: „Чекај, ние всушност имаме одлична улога за него!“.

Паскал побара повеќе детали за улогата и се пошегува дали таа вклучува „нешто романтично со некого“, на што Анистон одговори: „Со сите нас“.

Актерот се насмеа, а потоа рече: „Спијам со сите во шоуто. Може. Во ред, треба да се чујам со моите агенти“.

Продукцијата на четвртата сезона заврши на почетокот на декември 2024 година.

Да потсетиме, Анистон долго време не е поврзувана со никого во романтична смисла. Познато е дека беше во брак со актерот Бред Пит од 2000 до 2005 година, а потоа со актерот Џастин Теру од 2015 до 2017 година.

Нејзиниот поранешен сопруг неодамна повторно се ожени, овој пат со 23 години помладата актерка Никол Брајдон Блум.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Кога беше најпотребно одигравме најлошо: Македонија остана без шанси за осминафинале

Место најдобрата партија на ова Европско, македонската репрезентација го...

Драматична порака од нафтените гиганти: „Големата криза со горивото пристигна, нема олеснување на повидок“

Водечките раководители на американските нафтени компании предупредуваат дека долгорочната...

Нема преговори за Изборниот законик, партиите ги демантираат Сали и Гаши

Не се случуваат никакви меѓупартиски преговори околу Изборниот законик...