Педесет планинари го освоија Пелистер и ја продолжија традицијата „Први на први“

Date:

Педесеттина планинари и рекреативци од Охрид, Штип, Велес, Делчево, Берово, Прилеп, Скопје, Битола и други македонски градови, организирани од „Олимпус Монс“, утрово во 05:30 часот стигнаа на врвот Пелистер (2.601 м.) со што ја продолжија традиционалната манифестација „Први на први“.

Новогодишното освојување на врвот Пелистер почна точно на полноќ, со добри временски услови на стартот, но и силен ветер на врвот, изјави за МИА, Христијан Томевски, планинар – рекреативец од Охрид.

-Манифестацијата беше одлично организирана, имавме придружба, водичи, лекар, ски-санка, џип ратрак…се што е потребно за безбедно планинарење во зимски и ноќни услови. До Ловечка куќа времето беше одлично, но потоа почна да дува силен ветер кој не влијаеше врз нашето расположение, и целта што ја поставивме пред себе, односно освојување на врвот Пелистер во првиот ден од оваа 2024 година, истакна Томевски.

Традиционалната планинарска манифестација „Први на први“ е поддржана од Општина Битола.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Грчката заедница во Австралија има проблем со името на фудбалскиот клуб „Престон Македонија“

Одлуката на ИП Австралија, австралиската владина агенција за интелектуалната...

Познати саатниците за мечевите од кошаркарскиот Куп на Македонија во Гевгелија

Македонската кошаркарска јавност од утре па до недела во...

Страстите зовреа, Дукуре и Џонс се степаа по дербито на Ливерпул

Големите градски дербија меѓу Евертон и Ливерпул секогаш носеле многу тензија, агресивна игра...

Муцунски се сретна со австралиската министерка за надворешни работи, Пени Вонг

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски,...