ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЛАВЕ КАТИН – ЖИВОТ И ДЕЛА“
Монографијата „Израел и Македонија“ (2018)“ е дело отпрчатено од “Македонска искра“, на 394 страници на англиски, македонски и хебрејски јази. Авторот Славе Катин го претставува патувањето во државата Израел кое беше дел од посетите на педесетина различни земји во светот.
Но, тоа беше највозбудливото патување, исполнето со многу искушенија, сознанија и предизвици да се запознае „Светата земја“, нејзините библиски места, градови, култури, религии, обичаи и многу карактеристики на нејзиниот денешем современ свет.
Рецензенти на делото се: д-р Петко Златески, професор на Теолошкиот факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје и Горан Садикарио, директор на Еврејскиот центар на холокаустот во Скопје
Израел за Евреите е ветената земја од Господа на Аврама и на неговите следбеници. Според библиските преданија од Стариот завет, првите доселувања на Евреите во ветената земја – Канаан започнале околу 2.000 години пред новата ера.
Црквата на Светиот гроб, каде што Исус Христос бил погребан и воскреснал, е најсветото место за христијаните од сите меридијани, па не случајно се вели и дека е место на верата, надежта и љубовта на луѓето кои доаѓаат секој со својата вистина и исчекувања, поклонение и молитва, радост и тага.
Ерусалим, пак, е град на вечните убавини и на светите места. Низ милениуми населението на Ерусалим, но и тие што доаѓале и доаѓаат да му се поклонат, го воспевале и го воспеваат како град на вечноста, како центар на светот, како главен град, како град со голема политичка моќ…Охрид, пак, кој поради големиот број на цркви и манастири, градот е познат како балкански и европски Ерусалим. Охрид е познат и како „град на светлината“, што претставува буквален превод на неговото старо име, Лихнид

Промоции и објави:
На 22-ри октомври 2017 година, во салата на Катедралната македонска православна црква „Свети Климент Охридски“ во Торонто, се одржа промоција на монографското дело „Израел и Македонија“ од Славе Катин.
Овој културен настан го отвори и за делото зборуваше потпретседателот на Лите-ратурното друштво „Браќа Миладиновци“, Драгица Димовска, која е и уредник и водител на Македонскиот радио час „Обединета Македонија“, потоа зборуваа Соња Лозановска, естраден уметник и главен уредник на весникот „Македонија“ и Тодор (Тони) Марковски, претседател на „Канадско-македонското историско друштво“ од Торонто.
На 22.08.2018, година се оддржа Книжевна средба во „Прличевата одаја“ на НУ Библиотека Григор Прличев, во Охрид. На средбата д-р Томе Груевски претстави дел од содржината на делото „Израел и Македонија“
Во врска со печатење на продолженија на ова дело треба да се забележи дека во порталот „Македонска нација“ од 31 јули 2019 до април 2020 година се објавени триесет и пет (35) продолженија од делото „Израел и Македонија“и поголем број се објавени во „Македонско сонце“ од Скиоје и , „Македонски збор“ од Детроит.
Во порталот „Мактел“ од Сиднеј, Австралија, се отпечатени триесет и осум (38) продолжрнија од делото „Израел и Македонија“. Голем број од горенаведените продолженија се објавени во „Македонско сонце“.
Исто така, во порталот „Македонска нација“, во 2022 година се објавени четириесет (40) продолженија од монографијата „Израел и Македонија“, а поголем број продолженија се објавени и во „Македонско сонце“ и Матицата.
Исто така, во порталот „Мактел’ од Сиднеј, Австралија во 2023 година се објавени триесет и девет (39) продолженија од монографијата „Израел и Македонија“. Истите (39) продолженија се објавени и во порталот „Македонско сонце“.
Продолжува

Пишува: СЛАВЕ КАТИН





