„Патриотите од ДПМНЕ ветуваа дека ќе го вратат името – а под нивна власт, македонскиот народ исчезна и остана само „народот на Северна Македонија““, велат од Левица

Date:

Левица преку соопштение реагира на предлогот за ратификација на новиот билатерален договор меѓу Македонија и САД, тврдејќи дека во неговиот текст се користи формулацијата „народот на Северна Македонија“ наместо „македонскиот народ“.

Од партијата велат дека станува збор за договор што Владата го предлага за ратификација, а спорната формулација, според нив, се наоѓа во делот што се однесува на заштитата на археолошкото и етнолошкото културно наследство.

„Ќе остане запаметено дека токму во времето на ДПМНЕ, партијата која со години ги делеше Македонците на „патриоти“ и „предавници“, која организираше протести, маршеви и кампањи против Преспанскиот договор и која на изборите ветуваше дека ќе го врати името, македонскиот народ исчезна од официјален меѓународен договор и стана „народ на Северна Македонија““, наведуваат од Левица.

Според партијата, ДПМНЕ сега го прифаќа она што во минатото го претставувало како неприфатливо, а новата формулација, како што оценуваат, покажува дека државната терминологија е целосно нормализирана и во меѓународните договори.

Левица го критикува раководството на ДПМНЕ дека, според нив, во опозиција ветувало промени во однос на Преспанскиот договор и името на државата, додека сега како власт ги прифаќа „меѓународните обврски“.

Од партијата прашуваат што, како што велат, уште може да биде предмет на отстапки и какви нови формулации би можеле да се појават во идните меѓународни договори.

„Ако ДПМНЕ денес, без никаков проблем, може да предложи ратификација на договор во кој македонскиот народ е заменет со политичка конструкција создадена од новото државно име, тогаш имаме целосно право да прашаме што друго се подготвува зад затворени врати“, наведуваат од Левица.

Во соопштението партијата ја обвинува Владата и за, како што тврдат, приоритетно следење на странски интереси, при што посочуваат на странски инвестиции, субвенции, даночни поволности и користење на природните и јавните ресурси.

Левица заклучува дека ДПМНЕ, според нив, во јавноста се претставува како заштитник на националните интереси, но дека во односите со странските партнери се откажува од своите претходно поставени „црвени линии“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

DRAGAN BOGDANOVSKI – GOYKO YAKOVLEVSKI’S FRIEND – PART I (51)

PART OF THE MONOGRAPH “GOJKO JAKOVLEVSKI” BY SLAVE KATIN Little...

НАФТАТА ДОСТИГНА 108 ДОЛАРИ ЗА БАРЕЛ, гасот над 1.000 долари

Цените на нафтата денес се искачија над 108 долари...

Рокас: Посетата на Фон дер Лајен може да го забрза европскиот пат на Македонија

Амбасадорот на Европската Унија во земјава, Михалис Рокас, најави...