Откако завчера поранешниот лидер на СДСМ и екс премиер, Зоран Заев, на својот инстаграм профил објави фотографија со Алексис Ципрас, вчера, на социјалните мрежи почнаа да се појавуваат реакции за патиките што тој ги носи, поточно за нивната цена.
Имено, според споделувањата на Фејсбук, неговите патики чинат 849 евра.
Исто така се споделува и фотографија од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од пред неколку месеци, на која се гледа дека тој носи слични патики со Заев, со цена од 713 евра.
Дали навистина цените на патиките се тие или пак ова е само обид за дезинформирање на јавноста, останува енигма.