Партиите преговараат за двојни избори, се поизвесно е дека ќе бидат во мај

Date:

На вториот круг од претседателските избори, граѓаните ќе гласаат и за нов пратенички состав. Премиерот прифаќа двојни избори во мај и иако не го прецизираше датумот, неофицијално, за ова веќе ја известил и опозицијата, преку работната група која работи на изборните прашања.

Пресвртот следи откако коалиционите партнери од власта, ДУИ и Алијанса за Албанците,излегоа со став дека го прифаќаат предлогот на ВМРО ДПМНЕ, изборите да бидат споени.

Ковачевски негираше дека ги разубедуваат ДУИ да се откажат од идејата за технички премиер Албанец, велејќи дека имаат јасен коалициски договор. Сите кадровски решенија, вели, ќе бидат споделувани со јавноста како што ќе се носат од официјалните партиски тела.

Целта им е предизборна европска коалиција која ќе предводи широк фронт, а во која сакаат да им се приклучат и Алијанса за Албанците, кои засега инсистираат на тоа, да одат сами на избори.

Во моментов течат разговорите за финализирање на Изборниот законик и се очекува набрзо да се дојде до целосно усогласено законско решение.

Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ во врска со изјавата на Ковачевски за одржување на двојни избори потенцираше дека ова е чекорот кој што се бараше и се очекуваше.

-Ова е чекорот што го баравме и го очекувавме со оглед на тоа што споени избори се единствен логичен расплет на настаните со тоа што ќе се одбегне грч на стопанството и потребата финансиски да се оптоварат граѓаните преку зголемени трошоци за евентуални разделени избори, потенцираше Стоилковски.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Македонија заврши шеста на Балканското младинско првенство

Машката репрезентација на Македонија до 19 години заврши како...

СИНЕР ГО ПОБЕДИ АЛКАРАЗ И ГО ОСВОИ ТРОФЕЈОТ НА ВИМБЛДОН

Јаник Синер претрпе тежок и болен пораз од Карлос...

Полицијата откри што точно се случувало со тројното убиство во Прилеп

Тројца загинати, меѓу кои и 13-годишно дете, е исходот...

На Божествена литургија во Охрид беше устоличен новиот митрополит на Дебарско-кичевската епархија

Архимандритот Георгиј од денеска и официјално стана нов митрополит...