Партизан не можеше против Кралевите, се игра мајсторка во Мадрид

Date:

[et_pb_section fb_built=”1″ theme_builder_area=”post_content” _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default”][et_pb_row _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default” theme_builder_area=”post_content”][et_pb_column _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default” type=”4_4″ theme_builder_area=”post_content”][et_pb_text _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default” theme_builder_area=”post_content” hover_enabled=”0″ sticky_enabled=”0″]

Реал Мадрид го преживеа и вториот круг од пеколот наречен „Белградска Арена“, откако „кралевите“ го добија и вториот меч во низа против Партизан (78-85), израмнувајќи на 2-2 во оваа неверојатна четвртфинална евролигашка серија. „Црно-белите“ имаа и втора шанса да стигнат до билет за фајналфор, но во отсуство на Кевин Пантер немаа лидер што ќе го добие мечот во клучните моменти.

Дуелот почна извонредно за гостите од Мадрид, кои предводени од Ханга (11 поени во првата четвртина) стигнаа до огромни 13-27. Партизан покажа карактер и веќе до средината на втората четвртина успеа да се врати целосно во мечот. Анѓушиќ погоди тројка пред крајот на полувремето, но Љуљ со слободни фрлања пред крајот на полувремето донесе „плус три“ за Реал. Во супердраматичниот финиш поумешни беа гостите, а клучен момент беа поените „два плус еден“ на Тавареш по офанзивните скокови, за пет разлика за Реал на помалку од минута до крајот, доволно за да се стигне до огромен триумф.

Таварес беше најзабележителен во таборот на Реал Мадрид со 15 поени, по 14 реализираа Љуљ и Муса, а најефикасни кај Партизан беа Лидеј со 25 и Папапетру со 18 поени.

Мајсторката за билет кој носи на Ф4 во Каунас на програмата е во вторник во Мадрид. Во таборот на Партизан за овој натпревар ќе се врати Кевин Пантер, додека кај Реал покрај суспендираниот Јабуселе ќе отсуствува и Габриел Дек, кој заработи тешка повреда во четвртата четвртина од денешниот натпревар.

 

[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Игор Стефановски Иџе на пиедестал, Шпанија трка за паметење

Изминатиов викенд Иџе повторно на пиедестал. Трката во Шпанија...

Се товари првата пратка од 49 австралиски тенкови „Абрамс“ за Украина, и покрај приговорите од САД

Австралиските власти започнаа да ги натовараат на брод првите...

Совршени пилешки сувлаки со сос од јогурт и свеж зеленчук

Совршените пилешки сувлаки се лесен, здрав и исклучително вкусен...