Парични казни од 300 евра, протерување од земјата и три години забрана за влез, за тројцата приведени на Деве Баир

Date:

Судот им изрече парична казна во износ од 300 евра и мерка протерување од земјава и забрана за влез во државата за период од три години на тројцата бугарски државјани, кои беа приведени на граничниот премин „Деве Баир“ поради нарушување на јавниот ред и мир.

Бугарските државјани, 35-годишниот Г.З., 50-годишниот А.Х., и 54-годишниот Р.Х, како што соопшти МВР, биле приведени околу 12:45 часот откако се однесувале дрско и недолично и прво вербално, со најпогрдни зборови, а потоа се обиделе и физички да нападнат полициски службеници кои преземале службени дејства.

На преминот „Деве Баир“, на нашата граница кон Бугарија беа воведени засилени полициските контроли, поради најавите за доаѓање на организирани групи бугарски државјани за посета на гробот на македонскиот револуционер, Гоце Делчев, на одбележување на 151-та годишнина од неговото раѓање.

Во еден период од денот, поради пад на системот за контрола на граничниот премин „Деве Баир“ за влез во земјава се чекаше неколу часови.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

ВМРО-ДПМНЕ: Судиите избрани од Зајас и Муртино сеуште слугуваат за СДС и ДУИ

Казните кои ги добија екс директорите Флориан Бесими и...

Левица: Од септември 2024 до мај 2025 владиното мени нѐ чини десетици милиони денари

Левица обвинува дека директорот на Службата за општи и...

Македонската амбасада во Пекинг го одбележа „Денот на сесловенските просветители”

Во македонската амбасада во Пекинг се организираше културен настан...

Црвениот крст одбележува 80 години од основањето

Црвениот крст на Македонија денеска одбележува 80 години од...