Парис Хилтон стана мајка. Наследничката на империјата Хилтон и медиумска личност доби син со инвеститорот Картер Реум користејќи сурогат-мајка.
„Отсекогаш сакав да бидам мајка и мило ми е што Картер и јас се најдовме“, изјави новопечената мајка за магазинот „Пипл“ по објавата на „Инстаграм“, која ги збуни нејзините следбеници покажувајќи ја како го држи бебето.
„Толку си сакан што зборовите не може да го опишат тоа“, напишала Парис покрај фотографијата.
Парис Хилтон претходно откри дека таа и нејзиниот сопруг се обиделе да станат родители преку ин витро-оплодување, но дека обидот бил неуспешен по што се одлучиле за сурогат-мајка.