Парис Хилтон сподели снимка од она што остана од нејзиниот дом во Малибу во емотивно видео објавено на X. Стојам овде на местото кое некогаш беше наш дом, а тагата е неопислива“, напиша таа.
Хилтон нагласи дека многумина ги изгубиле не само своите домови, туку и спомените кои ги направиле тие куќи домови. Таа откри дека дознала за загубата на нејзиниот дом додека гледала како пожарот го зафатил Малибу во живо на телевизија.