Панчев за кошмарот во Интер: Легендарниот Замер ми се обрати на германски, требаше да го послушам!

Date:

Дарко Панчев е најдобро име кое може да направи најава за еден натпревар меѓу Интер и Црвена Звезда, од едноставна причина што прославениот македонски голгетер ги бранеше боите на двата клуба.

После сите големи успеси кои ги оствари со српскиот великан, Панчев направи трансфер во Интер и ја направи најголемата грешка во животот, па во интервјуто кое го објави порталот „internews“, популарната „Кобра“ покрај најавата за вечерашниот меч, говори и лошото искуство кое го имаше во Италија.

Панчев на познатиот медиум откри дека добил директен и јасен совет од легендарниот Матијас Замер во својата почетна етапа во клубот, кој за жал не можел да го разбере во тој момент.

– Имам измешани емоции од моите почетоци во Интер. Прво и основно, презентацијата пред илјадници фнаови беше величествена, тоа се случи во центарот на Милано. Добредојде достојно за играч кој во сезоната 90/91 беше „Сребрена топка“, „Златна копачка“ и најдобар стрелец во квалификациите за Европското првенство. Во поранешна Југославија освоив двојна круна со Црвена Звезда, станав европски и светски шампион, бев фит и полн со самодоверба….

– Почетниот третман кој го добив во Интер ми прилегаше, на првите два меча постигнав пет гола во Купот и се изгледаше како бајка. Сепак, еден месец по првиот дел од сезоната во Италија, во соблекувалната имаше студен туш. Легендарниот Матијас Замер ми пријде и ми се обрати директно на германски: Дарко, тука нема фудбал, оди си! Бев шокиран од неговото размислување, но тој набрзо си ги спакува куферите и го напушти клубот. Не го послушав неговиот совет, бев доста тврдоглав. Тој добро ја прочита ситуацијата, требаше да го следам неговиот чекор и да го направам истото. После тоа, се отиде по ѓаволите. Не дека немаше добри играчи во Интер, едноставно клупската атмосфера не беше добра. Во тоа време, Црвена Звезда беше многу подобро организирана од Интер, – вели Панчев во долгото интервју.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

МНР ги повикува македонските граѓани да не патуваат во Либан, Израел и Иран

МНР со апел до сите македонски државјани веднаш да...

И ПО 29 ГОДИНИ НЕРАЗРЕШЕН АТЕНТАТОТ ВРЗ ГЛИГОРОВ

На 3 октомври, пред 29 години, извршен е атентат...

Пезешкијан: Западните ветувања беа лажни, ќе одговориме на Израел

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан одржа состанок со политичките претставници...