Панел дискусија во Минхен – Македонија посочена како пример за земја на која ЕУ ѝ ветувала многу, но не испорачала

Date:

Европската Унија го загуби кредибилитетот во регионот на Западен Балкан – порача претседателот на Латвија – Едгар Ринкевич, на завршната панел дискусија за иднината на Европа во рамките на Минхенската безбедносна конференција. Како пример Ринкевич ја посочи токму Македонија, за која кажа дека Унијата и ветувала многу, но не испорачала, а земјава на евроинтегративниот пат го променила и името.

„Треба да го погледнеме Западен Балкан, бидејќи тука се согласувам, ЕУ го изгуби целиот кредибилитет во тој регион. Ветувавме толку многу работи во замена за реформи, за промена на името на Македонија на пример, долго време ветуваме членство.“

Високата претставничка за надворешни работи на ЕУ – Каја Калас, посочи дека проширувањето на Унијата иако е процес базиран на заслуги, сепак, во него геополитиката го има завршниот збор. На панел дискусијата Калас жестоко се спротистави и на вчерашниот говор на американскиот државен секретар Марко Рубио и беше категорична – Европската унија не се распаѓа, имаме долга листа на чекање за влез, а се надевам нема да чекаат уште долго.

„Не може нашите земји-кандидатки да си ја работат домашната задача, а потоа ние да кажеме упс, не сме подготвени, само почекајте таму. Моето чувство е дека земјите членки не се подготвени да дадат конкретен датум (за Украина). Се уште има многу работа која треба да се заврши.“

Заменик генсекот на НАТО, Радмила Шекеринска која исто така беше дел од завршниот панел, испрати предупредувачка порака во која посочи дека Русија претставува егзистенцијална закана за НАТО и затоа членките на Алијансата мора заеднички да го зголемат производството на оружје и инвестициите во одбранбените капацитети.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

МЗТ го доби дербито со ТФТ и остана перфектен во Суперлигата

Кошаркарите на МЗТ Скопје продолжуваат со сигурни настапи на...

Полицијата апси членови на Торцида, странските медиуми згрозени од Торцида и нацизмот во Сплит

Хрватската полиција денеска во Сплит уапсила неколку лица кои...

Аделаида под притисок: Градските власти се спротивставуваат на новата улична патека за MotoGP

Австралиското ГП во MotoGP се соочува со неизвесна иднина,...

Без „Старлинк“ и без ЦИА Украина се соочува со воен пораз

Палењето на 11 антени на „Старлинк“ во Бугарија, ограничувањата...