Пандов најавува дека на 4 февруари Македонци ќе ги дочекаат Бугарите на гробот на Гоце Делчев

Date:

По најавата дека Бугари и од Македонија и од Бугарија се подготвуваат на роденденот на македонскиот револуционер Гоце Делчев, 4 февруари, да допатуваат на неговиот гроб во Скопје, се јави и Александар Пандов од ВМРО-ДПМНЕ кој рече дека уште од утринските часови Македонци ќе бидат во црквата „Свети Спас“.

„Слушам дека разни негатори и бугарски инсталации се спремаат да положат цвеќе на гробот на Гоце Делчев на 4 февруари. Јас и Патриотскиот институт на ВМРО ќе бидеме таму од раните утрински часови затоа што Гоце е Македонија, а Македонија е Гоце. Почитувајте го Гоце како Македонец роден во Македонија и никако поинаку“, напиша Пандов на својот фејсбук-профил.

И Светскиот македонски конгрес апелира на масовно присуство на Македонците на 4 февруари во македонската православна црква „Свети Спас“.

СМК ги поддржува сите Македонци кои околу црквата „Свети Спас“ ќе се собираат од 3 февруари.

Поради најави за нарушување на јавниот ред и мир, СМК бара МВР да ги преземе сите мерки до забрана за влез во Македонија на организаторите – бугарската фондација „Македонија“, имајќи предвид дека Виктор Стојанов јавно се фали по социјалните мрежи дека во Скопје организирал воена обука, дека дава по 30 евра на деца во Македонија да учат бугарски јазик, литература и историја на он-лајн училишта, дека низ Скопје негови членови залепиле 10.000 налепници на кои пишува дека сме биле еден народ со Бугарите, дека упатуваше закани за физичка ликвидација на претседателката на комисијата за спречување и заштита од дискриминација…

Виктор Стојанов од фондацијата „Македонија“ ги повика сите Бугари да ја прослават 151-годишнината од раѓањето на Делчев. „Фондацијата Македонија ги поканува сите Бугари, бугарските политички партии и невладини организации заедно да прославиме 151 година од раѓањето на бугарскиот национален револуционер Георги Делчев во Скопје. На 4 февруари (сабота) во 12 часот по локално време (13 часот бугарско). Обезбедивме превоз со автомобил за оние кои сакаат да дојдат. Повелете масовно во Скопје да го прославиме сите заедно нашиот народен херој Георги Делчев“, се вели во објавата.

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

МЗТ Скопје со еден поен ја доби драмата против ТФТ и остана без пораз на теренот во домашното првенство

МЗТ Скопје Аеродром славеше на гостувањето кај ТФТ Скопје...

Формула 1 нема да се вози во Бахреин и Саудиска Арабија

Формула 1 донела одлука од безбедносни причини да не...

THE LIFE AND WORK OF THE DONOR ATANAS BLIZNAKOV – PART I (1)

INTRODUCTION BY PROF. ALEKSANDAR ANCHEVSKI PhD. The life of Atanas...

Посни рецепти: Колач со рендани јаболка

Потребни состојки: 3 јаболка, рендани ½ шолја шеќер 1 ќесичка ванилин шеќер 1...