[et_pb_section fb_built=”1″ theme_builder_area=”post_content” _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default”][et_pb_row _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default” theme_builder_area=”post_content”][et_pb_column _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default” type=”4_4″ theme_builder_area=”post_content”][et_pb_text _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default” theme_builder_area=”post_content” hover_enabled=”0″ sticky_enabled=”0″]
Фудбалската репрезентација на Панама приреди вистинско изненадување откако во полуфиналето на Голд купот по изведување на пенали славеше против домаќинот на ова натпреварување репрезентацијата на Соединетите Американски Држави.
Откако во 120. минута резултатот беше 1-1, Панамците по изведување на пенали беа подобри од големиот фаворит со 5-4. За САД пеналите не ги реализираа Фереира во првата и Ролдан во последната серија.
Панама за противник во финалето ќе го има Мексико кој на убедлив начин славеше против Јамајка со 3-0. Стрелци на погодоци за Мексико беа Мартин, Чавез и Алварадо.
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]