Љупчо Палевски Палчо кој вчера беше фатен во Турција инаку главен осомничен за монструзно убиство на 14 годишно девојче, Вања Ѓорчевска, како и 74 годишниот Панче Жежовски е добро познат лик на полицијата и властите.

Станува збор за личност со многу матни зделки, во минатото поврзан со службите, а потоа поврзуван со рекет, понатаму познат по бесправно градење и можеби првата позната дивоградба. Понатаму лице кое вршеше уцени, поседуваше нелегално стекнати прислушкувани материјали, баран во соседството со потерница и фатен при обид за бегство во Москва. Воедно познат по своите настапи на медиуми каде не само што ширеше говор на омраза, туку повиквуаше на личн на лица. И сето ова го правеше слободно.

Но има нешто друго кое отвора низа прашања, а тоа е случката од мај оваа година кога при барање на злато беше фатен со нелегално поседување на пиштол.

Вечер.мк тогаш прв објави за настанот.

Според документот кој го доби уште тогаш, Палчо бил фатен со истата банда со која сега го изврши злосторството какво што Македонија не памети.