Жителите на источниот дел од Австралија беа изненадени од екстремно студеното време, што не е вообичаено за овој период од годината.

Поради ниските температури сообраќајот е забавен, летовите се откажани, а снежните наноси во некои области достигнуваат дебелина од 10 до 20 сантиметри.

Според метеоролозите во Австралија, овој студен бран предизвика температурите да паднат под нулата, a силните ветрови направија да се чувствува постудено и до 10 степени.

Од видеото, објавено од „Си-ен-ен“,  може да се забележи дека снегот предизвика посебна радост кај кенгурите, кои во близина на главниот град Канбера уживаа скокајќи по него.