Случаите на брзо возење во Македонија воопшто не се ретки.
За среќа полициските контроли им застануваат на патот на несовесните возачи.
Така, на регионалниот пат Куманово – Скопје, во близина на с.Умин Дол, кумановско, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата запреле патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Л.Р. од општина Липково.
Имено, со специјално возило т.н.„пресретнувач“ на Министерството за внатрешни работи било констатирано дека лицето го управува возилото со 146 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 50 километри на час.
Против лицето е поднесен прекршочен платен налог и ќе се соочи со предвидената законска санкција.