Охрид ја живее една од најдобрите туристички сезони – досега остварени еден милион ноќевања

Date:

Ако лани коронавирусот го сотре туризмот и го втурна во криза далеку подлабока од онаа за време на воениот конфликт во Македонија,годинава Охрид ја живее една од подобрите  туристички сезони, приближно како и  2019-та која се смета за најуспешна, со рекордни остварени милион ноќевања. Но,да не не’ замајува моменталната состојба, не можеме велат нашите туризмолози да кажеме дека македонските туристичките центри живеат од туризам кога сезоната ни трае едвам 20-тина дена кулминитрајќи за Илинденските празници.

  • Многу сум задоволна, имам повеќе гости од 2019-та година која се сметаше за многу добра.Мислам има многу гости, ама треба некако сезоната кај нас да е малку подолга,да не е само во јули и август.Туристи доаѓаат од април до октомври”-вели АНА ВОЈТАС, туристички водич 

Македонија сеуште остварува ниски приходи од туризмот.Странските експерти постојано ни укажуваа дека оваа стопанска гранка за разлика од останатите земји во регионов, кај нас, не е значаен фактор за прогресивен економски раст. Мора да се изнајде начин и да се подобри видливоста на дестинацијата.

  • Тоа што го знаат за Македонија за жал не е позитивно,доаѓаат со многу негативни предрасуди како некоја авантура го доживуваат,да не речам како да посетуваат некои неразвиени диви предели,но се изненадуваат многу позитивно кога ќе дојдат и си заминуваат со многу подобри впечатоци од оние предрасуди со кои што дошле”-вели Катерина Василеска, туристички водич.

Ни треба проширување на понудата,оти добрите препораки од оние кои што веќе биле во Охрид, се најдобар начин да привлечеме што поголем број странци.

  • Мене најголем впечаток ми остави манастирот Свети Наум,Калиште, црквата Света Софија, а највеќе онаа мала црквичка Свети Јован Канео.Охрид ќе го посетувам секогаш на драга волја бидејќи кога слушнав за Охрид многу убави приказни,се чудев на почеток,а кога дојдов сфатив дека е ова навистина величенствено место “-вели Марко Поповиќ, турист од Србија.

На Охрид му требаат туристи, а не гости-посетеноста на дестинацијата не се одредува според бројот на оние кои престојувале на ривиерата, туку според бројот на остварени ноќевања.Кога станува збор за македонскиот бисер,клучно е прашањето, дали ние го земаме здраво за готово тоа што го имаме,или постои сеопфатен план врз основа на кој Охрид како дестинација се пласира и на домашната и на меѓународна јавност-велат туристичките работници.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Доларот зајакна, порасна цената на нафтата

Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава се зголеми...

Пратениците гласаа за избегнување на предвремени локални избори во три општини

Пратениците во македонското Собрание со 69 гласа „за“ и...

Судија и обвинет 95 пати разговарале на телефон, се барало негово изземање, но тој донел пресуда

Судијата Лазар Нанев со обвинет во предмет остварил 95...