Охрид – туристичка мека на Балканот за британските туристи

Date:

Очекувањата се исполнија – Охрид врие од британски туристи како резултат на зголемената туристичка промоција на Охрид и на Македонија на британскиот пазар. Како што информираат за весникот ВЕЧЕР од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, чартер-летовите од Лондон и од Манчестер се со одлична пополнетост. Започнувајќи од јуни годинава, има по два чартер-лета неделно од Манчестер и од Лондон до Охрид. Покрај успешната туристичка промоција, за зголемениот број туристи придонесоа и позитивните оцени на британските експерти за туризам, кои го оценија Охрид како неверојатно убава дестинација за одмор, каде што може да се летува по многу поволни цени.

– Фокусираноста на блогерите, инфлуенсерите и на медиумите на информативните патувања, во последните шест месеци, од страна на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот ТУИ АКТИВ – Велика Британија, овозможи зголемена промоција на Охрид и на Македонија како дестинација на британскиот пазар. Позитивните коментари и заинтересираноста на туристите од Велика Британија се очигледни во Охрид, избирајќи го како дестинација што вреди да се посети. За 2023 година, очекувам да се остварат околу 45.000 ноќевања од англиските туристи, бидејќи чартер-летовите од Лондон и од Манчестер се со одлична пополнетост. Во следниве две години, ќе се фокусираме на повеќе примарни и секундарни пазари со кои ќе го зголемиме бројот на чартери од повеќе дестинации, започнувајќи ја сезоната веќе од средината на април – изјави Љупчо Јаневски, директор на АППТ, за ВЕЧЕР.

Тој открива дека веќе се во преговори за следната година, во шпицот на сезоната, чартер-летовите од Велика Британија за Охрид да се дуплираат, односно да има четири пати неделно.

– Очекувам Македонија да започне сериозна национална кампања за туризмот во светски рамки и значително зголемување на англиските, холандските, романските, германските туристи во годините што се пред нас – додаде Јаневски.

Инаку, претходно Сајмон Калдер, британски експерт за патувања, го оцени Охрид како „дестинација за сите времиња“ и го опиша како неверојатно убава дестинација за одмор по поволни цени.

– Понуда за сите времиња летово ќе биде новата дестинација на Македонија, авионска линија што ќе лета од Манчестер до Охридското Езеро, кое е прекрасно и како излезено од бајките. Тоа се 386 фунти за лице. Фантастично е! Јас сум бил таму. Апсолутно е прекрасно, езеро, планини, цркви, фантастична клима…Пријателски луѓе, одлични цени како од 1990-тите за речиси сè. Добијте евтина зделка и одете таму! – оцени Сајмон.

Тој додава дека туристите може да талкаат низ стариот дел на Охрид и да уживаат во локалните деликатеси по ниски цени. Британците би можеле да се релаксираат на лежалка покрај брегот на езерото или да тргнат на водна авантура со штица за веслање или со кајак. Во Охрид се наоѓа и историскиот манастир „Свети Наум“, до кој може да се стигне по едно и полчасовно возење со брод.

Во еден од последните написи во британските медиуми за Охрид и за Македонија, пишува дека земјата има прекрасни пејзажи и топла медитеранска клима во текот на целата година и оти таа е следната најжешка дестинација за летно патување по поволни цени.

– Охрид е преполн со култура и со историја, без да биде претерано туристички, што го прави „автентична, но прифатлива дестинација за одмор“. Одете во Охрид, дел од светското наследство на УНЕСКО лоцирано на југозападот од земјата и дом на Охридското Езеро, најстарото езеро во Европа – се додава во написот.

Туристите од Британија сè почесто го откриваат Охрид. На 31 мај оваа година, на аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид пристигнаа првите патници од Манчестер и од Лондон („Гетвик“), со што се означи отворањето на овие две нови сезонски авиолинии на британски ТУИ.

Директните воздушни врски што ги обезбедуваат овие чартер-летови ја елиминираат потребата за повеќекратни чекања меѓу транзитните или трансфер-летовите, кои одземаат многу време, нудејќи им на британските патници беспрекорно и практично искуство на патување покрај волшебното Охридско Езеро.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Што се случува со Џастин Бибер? Пејачот се прошета по бањарка, изледа неуредно и депресивно

Познатиот канадски пејач Џастин Бибер (30) повторно предизвика загриженост во јавноста...

Кевин Спејси повторно тужен за сексуално злоставување

Холивудскиот актер Кевин Спејси се соочува со уште една тужба за сексуално...

Колин Хувер се врати на „Инстаграм“ и ги избриша сите фотографии со Блејк Лајвли

Авторката на бестселерот „Завршува со нас“ Колин Хувер се...

На концерт на Шакира публиката скандира против Пике

Публиката на концертот на Шакира во Рио бурно скандирала против...