Охридските бисери красат илјадници домашни и светски дами

Date:

Климент Талев во 2001 година добил златен медал од експертска комисија во Брисел, а врз основа на тоа од Министерството за економија добил сертификат дека изработува оригинални охридски бисери

Пред 100 години со откупувањето на тајната формула, почнува приказната за охридските бисери што ги изработува охридското семејство Талеви. 83-годишниот Климент Талев веќе 62 години изработува оригинални бисери и е пресреќен што го доживеал овој јубилеј, укажувајќи дека годините за него не се пречка секој ден да навраќа во семејниот дуќан во охридската чаршија, раскажува репортерот на МРТ.

– Охридскиот бисер е единствен и уникатен. Зошто? Бидејќи изработката на охридскиот бисер е исклучиво рачна. Емулзијата претставува тајна на нашата фамилија и се пренесува од татко на син, значи од колено на колено. Исто така, многу карактеристично е што е направена од рибино сребро, кое го добиваме од нашата риба плашица – вели Климент Талев, изработувач на оригинални охридски бисери.

Климент е пресреќен што неговиот син, но и внук ја продолжуваат семејната традиција.

– Товарот е голем, сепак тоа е нешто што го почнал дедо ми. Јас сум број три, па сега ќе продолжи и мојот син. Со негова помош и помош од татко ми, тераме и натаму – изјави Ване Талев.

Климент Талев е особено горд на златниот медал што му го врачила европската експертска комисија во Брисел 2001 година поради уникатноста и убавината на бисерите што ги изработува. Врз основа на тоа од Министерството за економија добил сертификат дека изработува оригинални охридски бисери.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Пржено свинско со ориз и зеленчук

Овој рецепт содржи моркови, кои се богати со витамини...

Трамп му понуди на Мерц да купи двојно повеќе ракетни системи „патриот“

Американскиот претседател Доналд Трамп му понудил на германскиот канцелар...

Православната Црква во Америка ја призна автокефалноста на Македонската Православна Црква

Одлука дека ја признава каноничноста на Македонската Православна Црква...

Алармантни податоци: 53% од девојчињата и 19% од момчињата на возраст на 15 години имаат депресивно расположение

Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување – ХЕРА алармира...