Официјално: Карлос Алкарас нема да игра на „Ролан Гарос“

Date:

Шпанскиот тенисер Карлос Алкарас објави дека нема да може да ја брани титулата на „Ролан Гарос“ поради повреда на зглобот на раката.

Алкарас лани победи на Мастерсот во Рим и на „Ролан Гарос“, па со неиграњето на овие два турнири, ќе загуби дури 3.000 поени, но ќе остане втор на АТП листата. Алкарас наскоро ќе наполни 23 години и реши да го прескокне овој гренслем за да избегне поголем проблем и евентуално влошување на состојбата што би имало долгорочни последици.

Парискиот гренслем почнува на 24-ти мај и отсуството на Алкарас ќе биде голема шанса да заврши доминацијата на Јаник Синер и Алкарас на гренслемите. Синер ќе биде прв фаворит, но засега нема титула во кариерата на „Ролан Гарос“, и нема да биде сензација ако турнирот го освои Ѓоковиќ, Зверев, или некој друг.

Карлитос, кој се појави во Мадрид во понеделникот со лонгета на десната рака, си постави за цел да биде подготвен за сезоната на тревна подлога, која за него ги вклучува турнирот во Квинс (15-21 јуни) и Вимблдон (29 јуни – 12 јули). Тој брани 500 поени како актуелен шампион на Квинс и 1.300 поени од финалето на Вимблдон. 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Кога беше најпотребно одигравме најлошо: Македонија остана без шанси за осминафинале

Место најдобрата партија на ова Европско, македонската репрезентација го...

Драматична порака од нафтените гиганти: „Големата криза со горивото пристигна, нема олеснување на повидок“

Водечките раководители на американските нафтени компании предупредуваат дека долгорочната...

Нема преговори за Изборниот законик, партиите ги демантираат Сали и Гаши

Не се случуваат никакви меѓупартиски преговори околу Изборниот законик...