Темите опфатени во четиригодишната насока вклучуваат деловни вештини, видео и аудиомонтажа, културолошки студии, креативно пишување…
– Многу луѓе соработуваат со брендови. Оваа насока е поврзана со постојните пи-ар и маркетинг-стратегии, но сепак е нова категорија сама по себе – објаснува д-р Еленор О’Лири, професорка по медиуми и комуникации на Универзитетот во Ирска. Таа објаснува дека интересот за оваа област расте кај потенцијалните студенти, но и кај многу работодавци.
О’Лири рече дека студентите што ќе дипломираат ќе бидат опремени за самовработување или креирање содржини за различни компании или организации.
– Од 2019 година овој сектор двојно се зголеми во глобална вредност. Се проценува дека вреди меѓу 14 и 16 милијарди евра. Станува збор за област која бара специфичен сет на вештини. Многу млади луѓе знаат како да го користат интернетот, но ние одлучивме да ги научиме на деловни вештини и да научат што можат да прават како креативци. Треба да ги разберат културолошките аспекти, треба да имаат технички вештини, да умеат да прават поткасти и да пишуваат сценарија. Ќе имаме модул за креативно пишување и снимање видеосодржини – вели О’Лири и додава дека курсот ќе биде важен и за развивање на снаодливоста во деловниот и правниот свет за да не се прават грешки.
Таа вели дека иако понекогаш луѓето стануваат влијателни случајно, целта на курсот е да ги едуцира студентите како да ја задржат публиката и да заработуваат од тој успех.
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]