Откриено од што позелени познатиот голем канал во Венеција

Date:

Спектакуларната трансформација на дел од Големиот канал во Венеција во флуоресцентно зелена се должи на флуоресцеинот, нетоксична супстанца што се користи за тестирање на отпадните води, заклучија локалните власти по истрагата.

Жителите во неделата беа вознемирени од светло зелената боја на венецијанскиот канал , а полицијата потоа спроведе истрага. Се шпекулираше дека зад се стојат еколошки активисти и борбата против климатските промени.

Регионалната агенција за превенција и заштита на животната средина утврди присуство на флуоресцеин во земените мостри. Присуството на токсични материи исто така не е утврдено, пишува Гардијан.

Ова не е прв пат Големиот канал да позелени. Во 1968 година, аргентинскиот уметник Николас Гарсија Урибуру ги насликал водите на Венецијанскиот Голем канал флуоресцентно зелено за време на 34-то Венециско биенале за да ја демонстрира еколошката свест.

Сепак, за разлика од претходните случаи, ниту една активистичка група не презеде одговорност за последниот настан во Венеција.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

КНИГА СО СЕНЗАЦИОНАЛНИ СВЕДОШТВА ЗА ТЕРОРОТ ВРЗ МАКЕДОНЦИТЕ ВО ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА

Неодамна во електронски формат е објавена книгата „МЕЃУ ПАРТИЗАНИТЕ...

АЛЕКСАНДАР ТРЕТИ МАКЕДОНСКИ ГО ПРЕСЕКУВА ГОРДИЕВИОТ ЈАЗОЛ (52)

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН...

Левица: Јавните претпријатија тонат во долгови – долгот надмина една милијарда евра

Со вкупен долг од над една милијарда евра, системот...