Многу луѓе трошат премногу време на политички вести. Но, во последниве години, а особено оваа година, со претстојните избори во многу западните демократии, тоа е уште поизразено. Психолошките наоди за начинот на кој мозокот ги обработува информациите може да ни помогнат да ги разбереме разликите во начинот на кој луѓето од различни краеви на политичкиот спектар реагираат и ги „варат“ вестите. Иако е многу зборувано за асиметријата помеѓу тоа како луѓето од левичарските и од десничарските страни се критични кон изворите на вестите, тука поента е појасна, но поизненадувачка (и исто така помалку контроверзна).

Една голема и мерлива разлика помеѓу навиките за консумирање вести од левичарите и десничарите е тоа што луѓето со левичарски погледи добиваат значителен дел од своите вести од (речиси исклучиво левичарските) доцните ноќни ток-шоуа, додека истото не важи и за десничарските гледачи. Некои од овие емисии се урнебесно смешни. Сет Мејерс, Џими Кимел, Стивен Колберт и Џон Стјуарт навистина можат да ве насмеат. Но, кога станува збор за политичкото влијание, лоша идеја е да ги добивате политичките вести од ноќните ток-шоуа.

За да го согледаме ова, треба да се свртиме кон истражувањето за „ефектот на континуирано влијание“ – психолошкиот феномен според кој информациите за кои знаеме дека се лажни сè уште остануваат во нашата глава и влијаат врз нашето размислување и дејствување.

Еве еден од најпознатите експерименти со континуирано влијание, спроведен во лабораторијата на Колин Зајферт на Универзитетот во Мичиген во 1994 година. Експерименталната поставеност е следна: прво, експериментаторот ви кажува приказна. Немате поим каква врска би имале со оваа приказна. Еве еден пример: наратив за пожар во магацин со многу детали – каде бил магацинот, кој работел таму. Во еден момент експериментаторот ви кажува дека во просториите биле складирани канти со маслена боја и плински боци. Но, веднаш се враќа наназад и ви кажува дека тоа всушност не е вистина. Вели дека воопшто немало канти со боја или плински боци, па не можеле да го предизвикаат пожарот.

Откако ќе бидете бомбардирани со сите овие информации, од вас се бара да извршите некои задачи во времетраење од 10 минути кои се целосно неповрзани со приказната. Потоа, треба да одговорите на неколку прашања за пожарот во магацинот. Откритието е дека како одговор на прашањето зошто пожарот се проширил толку брзо, луѓето кажуваат работи од типот: „Пожарите со масло/нафта тешко се гасат“. Иако информацијата за кантите со маслена боја била лажна, огромно мнозинство од учесниците дале одговори за кантите со боја и плинските боци.
Учесниците добро знаеле дека оваа информација е повлечена, но сепак ја користеле во своето размислување. Лажните информации не се едноставно анулирани со експлицитната изјава дека се лажни. Остануваат недопрени и продолжуваат да влијаат врз процесот на расудување.
Експериментите за ефектот на континуирано влијание, како оној за пожарот во магацинот, покажуваат дека штом ќе научите нешто, многу е тешко да го одучите, дури и ако некој дел од вашиот ум знае дека тоа е лажно – тоа врши континуирано влијание. Во експериментот, лажните информации се коригираат за неколку секунди, но тие сè уште предизвикуваат хаос во нашето размислување. Но, повеќето лажни информации што ги примаме во текот на нашите животи не се коригираат за неколку секунди. Значи, уште помалку е веројатно дека можеме сето тоа да го одучиме.

Ова нѐ враќа на вестите. Како што покажува ефектот на континуирано влијание, што и да гледате – има влијание врз вашиот ум, дури и ако точно знаете дека она што го гледате е лажно. И, како што покажуваат овие експерименти, кога еднаш имате одредено верување, многу е тешко да го изгубите. Значи, ако им покажувате на левичарските гледачи, десничарски политичар кој кажува секакви бесмислени работи и е исмејуван поради тоа, нема ефект кој ќе го натера гледачот да верува дека овој политичар кажува бесмислени работи. Не. Тоа може да има ефект кој ќе предизвика гледачот да биде поизложен на презентираните идеи (бесмислени или не) од страна на десничарскиот политичар. И, како што покажува ефектот на континуирано влијание, да бидеме изложени на какви било идеи, дури и ако тие се смешни, па дури и ако знаеме дека се лажни, во иднина ќе продолжат да влијаат врз нашите процеси на расудување.