Откриено во каква состојба е синот на Анџелина Џоли и Бред Пит по сообраќајката

Date:

Пакс Џоли-Пит, 20-годишниот син на актерите Анџелина Џоли и Бред Пит, е хоспитализиран откако се здобил со повреда на главата во сообраќајна несреќа додека возел електричен велосипед во Лос Анџелес, со кој удрил во задниот дел од автомобилот, пренесува „Дејли мејл“.

Полицијата и болничарите веднаш го префрлиле Пакс во болница, откако се пожалил на болки во главата и во колковите, а не носел кацига во моментот на несреќата.

Пакс наводно возел по улица која е речиси секогаш прометна, а удрил во автомобил на раскрсница кога автомобилот застанал на црвено светло. Според медиумите, возачот на автомобилот излегол и го проверил повредениот Пакс пред да пристигнат полицијата и брзата помош.

Извори од местото на настанот рекле дека Пакс се пожалил на болка во колкот и дека ја повредил главата во несреќата. Итната помош била загрижена дека можеби се работи за крвавење од мозокот, па веднаш го однеле во болница. Сепак, „Дејли мејл“ пишува дека Пакс е во стабилна состојба и нема потреба долго да престојува во болница.

Претходно, Пакс возел електричен велосипед „Талариа Стинг Р МИкс4“, во вредност од околу 3.000 долари, низ Лос Анџелес. Сепак, не се знае дали со тој велосипед имал сообраќајна несреќа.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Бенедикт – доручек со јајца

Потребни состојки:2 јајца2 лепчиња за бургер (или земички)4 парчиња...

Денови на хаос над европското небо поради затворање на Хитроу: Десетици летови се откажани

Патниците ширум светот се подготвуваат за денови на хаос...

Македонија има нов херој: 19-годишниот Јован од Виница спаси над 20 деца во пожарот во Кочани

Тивкиот хероj во големата трагедија. Вака на социјалните мрежи...

Се проширува листата на осомничени, првите пациенти на лекување во странство се очекува да се вратат во понеделник

Активностите на полицијата и на Обвинителството за истрагата за...