Група научници направиле експерименти за учење со вид медуза што нема мозок. Сознанијата покажуваат дека сите животни што имаат неврони може да го адаптираат своето однесување врз основа на претходни искуства.

Медузата од видот tripedalia cystophora има две очи и околу илјада фоторецептори кои служат како сензорни системи и центри за претворање на стимулите во одговори. Тие им помагаат на медузите да се движат и да наоѓаат плен.

Научниците сакале да откријат дали ваков систем на нерви е способен за учење и направиле експерименти во кои медузите требало да научат како да избегаат од затворени кутии. Било заклучено дека медузите научиле како да избегаат од кутијата, односно способни се да го менуваат однесувањето во зависност од околината.

– Изгледа дека дури и наједноставниот нервен систем може да учи, и ова може да е основен клеточен механизам развиен во зората на еволуцијата на нервниот систем – објаснува Андерс Гарм, морски биолог од Универзитетот во Копенхаген.