ОТКАЖАНО ГОСТУВАЊЕТО НА БУГАРСКИОТ ТЕАТАР „ИВАН РАДОЕВ“ НИЗ МАКЕДОНИЈА

Date:

Откажани се театарските претстави на комедијата „Вражалец“ на Драмско-културниот театар „Иван Радоев“ од Плевен, Бугарија кои требаше да се одржат на почетокот на февруари во театрите во Битола, Штип и Струмица. Иако гостувањето, кое беше финансиски потпомогнато  од Министерството за надворешени работи на Бугарија и од Фондацијата на Милен Врабевски, се најавуваше уште на почетокот на годината, вчера беше откажано.

Од Народниот театар во Битола, каде претставата требаше да се одигра бесплатно на 1 февруари, потврдија дека таа дека е откажана во сите три градови. Неофицијално дознаваме дека гостувањето е откажано од двете страни, и од македонската и од бугарска. Во Штип претставата требаше да се одригра на втори, а во Струмица на трети февруари.

На интерент страницата на Фондацијата на Врабевски „Бугарско сеќавање“ има соопштение дека добиле известување оти салите во Штип и Струмица го раскинале договорот поради технички пробелеми со електричниот систем, кровната конструкција и греењето кои не дозволуваат настанот да се одржи таму. За Битолскиот театар, пак, велат дека не добиле експицитно позитивен одговор дека претставата може да се одржи според планираното.

„Организаторите се непоколебливи во нивната желба да ги израдуваат луѓето во Македонија со посета на бугарскиот театар останува и ќе направат сè што е можно за да ја реализираат идејата на следната фаза“, се вели во објавата на „Бугарско сеќавање“.

Односите меѓу Македонија и Бугарија особено се заладија изминатава недела откако беше претепан Христијан Пендиков, секретар на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, како и по одбележувањето на 95-годишнината од смртта на Мара Бунева, на кое во Скопје присуствуваа поддржувачи на нејзиното дело, меѓу кои и бугарскиот европратеник и копретседател на ВМРО-БНД Ангел Џамбаски и лидерот на четрвтата по големина парламентарана партија Преродба Костадин Костадинов, а се скандираше дека Македонија е бугарска. Тој на социјалните мрежи напиша „Да живее обединетата и неделива бугарска нација, од Охрид до Црно Море и од Дунав до Бело Море. Да живее бугарска Македонија. Да живее Бугарија“.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кажа дека минатонеделната тепачка во Охрид, во која беше повреден секретарот на бугарскиот клуб „Борис Трети“ е дел од хибридна војна против Македонија. Според него, цел на хибридната војна е да се блокираат евроинтеграциите на земјата.

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

MACEDONIAN EMIGRATION IN THE USA AFTER WORLD WAR II (29)

PART OF THE BOOK “SELECTED PAPERS FOR MACEDONIA” BY SLAVÉ...

Шкендија повторно дојде на еден бод зад Вардар, Тиквеш славеше во Струга

Шкендија рутински стигна до нова победа во Тетово откако...

НБА крај на сезоната: Познати сите патници во плеј-ин, Леброн и Јокиќ спремни за главната сцена!

Заврши регуларниот дел од возбудливата НБА сезона! Последниот ден...

 Традиција, семејство и многу црвени јајца – како македонските ѕвезди го прославија Велигден

Најголемиот христијански празник, Велигден, ги собра македонските јавни личности во кругот на...