Ноќва во НБА лигата се одиграа осум натпревари и минаа без преголеми изненадувања. Славја без првите ѕвезди запишаа Голден Стејт Вориорс и Далас Маверикс.
Шампионот во лигата беше убедлив дома против Оклахома Сити Тандер (141-114). Клеј Томпсон беше одличен, уфрли 42 поени и го надополни отсуството на Стеф Кари, па го поведе својот тим до победата. Оклахома парираше на стартот, меѓутоа многу лесно падна и Голден Стејт одигра доминантно во вториот дел. Солидна партија имаше и Пул со „дабл-дабл“ од 21 поен и 12 асистенции, додека кај гостите се истакна Гилџус-Александар со 20.
Далас Маверикс се радуваа на гостувањето кај Јута Џез (111-124). Иако беа без Лука Дончиќ, а и натаму се чека дебито на Кајри Игвинг, Мавси се вратија на победничките патеки. Младите Џош Грин и Џејден Харди презедоа одговорност, уфрлија по 29 поени и беа најдобри на паркетот за Далас.
На останатите терени Милвоки слави на тешкото гостување кај Портланд (108-127), Чикаго беше подобар од Сан Антонио (128-104), Клиперси се радуваа во Бруклин (116-124), Бостон победи во Детроит (99-111), Кливленд триумфира кај Вашингтон (91-114) и Сакраменто го доби Хјустон (120-140).
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]