ОСУДЕНИТЕ ЗА „27 АПРИЛ“ ЌЕ СЕ ЖАЛАТ ВО СТРАЗБУР

Date:

Откако Врховниот суд го одби барањето на 16 осудени лица за случајот „27 април“, одбраната сигурно ќе поднесе апликации до Европскиот суд за човекови права во Стразбур, најавија бранители на осудениците.

– Морам да ви кажам дека одбраната со сигурност ќе поднесе апликации до Стразбур. Дали тоа ќе биде колективна, дали за секого поединечно, тоа ќе видиме. Сѐ уште не сме контактирале, се уште ја немаме добиено одлуката. Кога ќе ја добиеме, ќе одлучиме, но можам да ви гарантирам дека предметот оди кон надворешни судови затоа што доверба веќе во овие внатрешните нема – вели адвокатот Драган Пешевски за ТВ Алфа.

За политички монтиран предмет не може ништо друго да се очекува освен повторување на вообичаената судска пракса на Врховниот суд за одбивање на сите жалби и барања, вели адвокатот Сашо Дуковски и додава:

– Од крем во судството, Врховниот суд се претвори во чорба. Сега, по старата добра пракса, ќе се чека уште најмалку два до три месеци Судот на писмено да ја достави таа одлука. И немојте да очекувате многу правни образложенија, туку едно генерално објаснување дека сѐ што направиле Кривичниот суд и Апелација е засновано на закон, а се што е напишано во барањето за вонредно преиспитување е неосновано.

Законодавниот дом не ја поддржаа иницијативата за закон за амнестија на осудените од настаните на 27 април 2017 година во Собранието.

– Невладините организации и институции нека се позанимаваат со фактот колкав е процентот на успех на правните лекови кои што се доставени до Врховниот суд на Македонија. Јас ви гарантирам дека не е повеќе од 1 отсто. Тоа е една пракса на постојано одбивање, што е срамно за највисоката институција во судската власт – коментира Дуковски.

Одбраната во Стразбур најверојатно ќе се повика на членовите 5 и 6 од Европската конвенција за човекови права, односно ќе се жали на прекршување на правото на фер судење пред непристрасен суд.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

МНР ги повикува македонските граѓани да не патуваат во Либан, Израел и Иран

МНР со апел до сите македонски државјани веднаш да...

И ПО 29 ГОДИНИ НЕРАЗРЕШЕН АТЕНТАТОТ ВРЗ ГЛИГОРОВ

На 3 октомври, пред 29 години, извршен е атентат...

Пезешкијан: Западните ветувања беа лажни, ќе одговориме на Израел

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан одржа состанок со политичките претставници...