Осудените за 27 април наскоро ќе поднесат барање за повторување на постапката

Date:

Зголемен е револтот кај осудените за собраниските насилства од 27 април кои издржуваат затворски казни по вчерашната одлука за амнестија на четворицата поранешни функционери кои беа обвинети како организатори.

Адвокатот на Горан Ангелов Ќосето, за Канал 5 вели наскоро ќе поднесат барање за повторување на постапката врз основа на нови докази кои според него се доволни за ново судење.

-Единствената опција која сега за сега им преостанува е да се поднесе барање за повторување на постапка, нешто што јас сакав да го направам уште пред неколку месеци, дали има некакво ветување од страна не знам. Но сега работите после пресудата се сменети, револтот е зголемен така да верувам дека за кратко време ќе поднесеме барање за повторување на постапката,- изјави – Драган Пешевски – Адвокат.

По упатството на Апелација и позитивното мислење на Обвинителството, вчера Кривичен го уважи барањето за амнестија на екс собранискиот спикер Трајко Вељановски, поранешните министри Спиро Ристовски и Миле Јанакиески, но го амнестираше и екс поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски иако за него немаше позитивно мислење. Прашан за коментар на оваа судска одлука, премиерот Христијан Мицкоски рече дека ако нема организатори не може да има ни терористи.

-Факт е дека ако нема организатори не може да има терористи. Никој не вели дека тие луѓе не згрешиле, никој не вели дека тие луѓе не направиле престап. Но тие луѓе за тој престап доволно време поминале, но тие кои воделе политички монтиран процес, за кои сто пати сме кажале во минатото треба да си стават прст на чело и се запрашаат што направиле,- изјави – Христијан Мицкоски – Претседател на Влада.

Во најголемиот предмет за собраниските случувања беа опфатени 32 лица, 15 добија амнестија, 16 беа осудени на високи затворски казни а имаше и една ослободителна пресуда. Казните ги потврдија и Апелација и Врховен. Во бегство беше еден осомничен за упадот, Дејан Давидовски, кој пред пет години беше уапсен во Шведска но тамошните власти го одбија барањето за екстрадиција. Тој лани во август сам и се предаде на македонската полиција на граничен премин. Околу неговата инволвираност во настаните од 27 април денеска како сведок во обвинителството беше повикан поранешниот пратеник, сега претседател на ЗНАМ, Максим Димитриевски.

Инаку, во слуачот за орагнизаторите на упадот, отворена беше постапка и за поранешниот премиер Никола Груевски, но беше запрена со неговото бегство. Со вчерашните уважени амнестии, според правниците индиректно се однесува и на Груевски.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Грчката заедница во Австралија има проблем со името на фудбалскиот клуб „Престон Македонија“

Одлуката на ИП Австралија, австралиската владина агенција за интелектуалната...

Познати саатниците за мечевите од кошаркарскиот Куп на Македонија во Гевгелија

Македонската кошаркарска јавност од утре па до недела во...

Страстите зовреа, Дукуре и Џонс се степаа по дербито на Ливерпул

Големите градски дербија меѓу Евертон и Ливерпул секогаш носеле многу тензија, агресивна игра...

Муцунски се сретна со австралиската министерка за надворешни работи, Пени Вонг

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски,...