Остри реакции на предлогот за ергенски данок на Мицкоски

Date:

Изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека се разгледува можноста за воведување дополнителни даноци за неженети и немажени лица предизвика остра реакција на Мрежата за заштита од дискриминација. „Таквата изјава е длабоко загрижувачка и претставува закана за основните човекови права и принципите на еднаквост и слобода“, се вели во реакцијата.

Мрежата оценува дека ваквата најава односно идна мерка не само што би била ретроградна, туку е и дискриминаторска, бидејќи ги крши човековите права односно правото на избор, правото на приватен и семеен живот и правото на планирање семејство, животен стил, семејна состојба и иднина; потоа го стигматизира секој кој не живее во брачна заедница – било од избор, било од околности. Понатаму, велат дека ги удира младите, самохраните родители, ЛГБТИ+ лицата и оние кои се социјално и економски ранливи и не придонесува кон развој на општеството, туку отвора врата за нови поделби, стигма и нееднаквост.

„Ваквиот предлог јасно кореспондира со идеите кои доаѓаат од авторитарни режими, кои преку ретроградни наративи имаат за цел насилно зголемување на наталитетот. Наместо казнување на личните избори преку даночен систем, потребни се политики кои ги поддржуваат младите семејства, достапни градинки, сигурно вработување, родова еднаквост и слободен избор на партнерство и родителство.

Животниот стил не е основа за оданочување. Во демократска и современа држава, бракот треба да биде слободен избор, а не даночна обврска“, се вели во реакцијата на Мрежата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Историска средба во Абу Даби – почнаа разговори меѓу Москва, Киев и Вашингтон

Руски, украински и американски преговарачи денеска се собраа во...

Изгласан законот за прекршоци – отворен патот за старт на системот „Безбеден град“

Со поддршка на пратениците на Левица но и пратеникот...

THE PUBLICISTIC ACTIVITY OF SLAVÈ KATIN (21)

41. ​​“GJORGI-GEORGE ATANASOSKI (II EDITION)” The Monograph for “Gjorgi-George Atanasoski...

ФИЛИПЧЕ ПРЕФРЛИЛ 11 МИЛИОНИ ЕВРА ВО 2020 ГОДИНА ЗА ДА ГО КАНДИСА ЖАН МИТРЕВ ДА МУ ЈА ПРОДАДЕ КЛИНИКАТА ЕВТИНО

Сегашниот претседател на СДСМ, Венко Филипче може да негира...