Остана нејасно што се случи со 2 милиони евра кои што на ЈСП му беа дадени во средината на ноември

Date:

Во емисијата „24 Анализа“ на 24 Телевизија гостуваше претседателот на Совет на Град Скопје, Трајко Славески кој што истакна дека она прашање кое што пет часа го повторуваа советници од коалицијата „За обнова на Македонија“ остана неодговорено. Неодговорено е прашањето што се случи со 2 милиони евра кои што на ЈСП му беа дадени со одлука на Совет на Град Скопје, средината на ноември со назнака исплата на плата за вработените за ноември и декември.

„Имаме еден феномен кој што од време на време се повторува и на централно ниво кога неспособни директори на институции дали се тоа од приватниот или јавниот сектор предводат штрајк на вработените или протест револт итн. Директорот на јавното сообраќајно претпријатие кој што е поставен од градоначалникот Арсовска да ги решава таму проблемите да обезбедува плати наместо рационално да ги користи средствата тој повторно зачука на портите на Град Скопје, односно на буџетот на Град Скопје. Она прашање кое што пет часа го повторуваа советници од коалицијата за обнова на Македонија остана неодговорено. Неодговорено е прашањето што се случи со 2 милиони евра кои што на ЈСП му беа дадени со одлука на Совет на Град Скопје, средината на Ноември со назнака исплата на плата за вработените за ноември и декември. Сега слушаме дека плата вработените на ЈСП не земале за декември до денешниот ден. И на тоа прашање немаше одговор имаше некои импровизации дури и од страна на градоначалничката“, истакна Славески.

Славески посочи и дека советниците инсистираат на домаќинско и транспарентно работење од страна на Град Скопје.

„Како и да е мислам дека советниците од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, не се против поддршка на претпријатијата јавни не се против благосостојбата на вработените туку инсистираат на транспарентно домаќинско работење од страна на лицата кои што се задолжени за тоа“, нагласи Славески.

Славески додаде и дека во моментот има 900 барања за нови вработување од страна на директорите на јавните претпријатија а тие тонат во загуби.

„Во моментот секој ден пристигнуваат барање за нови вработувања сега пред изборите и ако ги соберете од сите јавни претпријатија и установи има некаде околу 900 барања за нови вработувања. Она што ги иритира советниците е како може во исто време да барате нови вработувања, а тонете во загуби и барате покривања на загубите од страна на буџетот на Град Скопје кој што има и други намени“, посочи Славески.

Јавниот превоз се нормализира. Автобусите на ЈСП, но и приватните уште вечерва влегоа во сообраќај откако на втората вонредна седница која се одржа денеска советниците во Град Скопје ги одобрија субвенциите за претпријатието да може да ја исплати декемвриската плата.

Градоначалничката Арсовска лично им ја соопшти одлуката на Советот на возачите од ЈСП кои цел ден протестираа пред објектот на Град Скопје. Им кажа дека сега е време да бараат повисоки плати.

Тензично беше и во Советот, но и надвор од него. Откако во првиот обид немаше мнозинство бидејќи советниците од ВМРО-ДПМНЕ не дадоа поддршка, еден од вработените во ЈСП побара од претседателот Трајко Славески ново гласање бидејќи поради немањето плата не можел да им однесе храна на децата.

Ова е вторпат Скопје да остане без јавен превоз. Лани цели шест месеци приватниците ги чекаа парите од Градот и не сообраќаа. Денеска на неколку часа немаше ниту еден автобус на скопските улици бидејќи овој пат и приватниците се солидаризираа со колегите од ЈСП – Скопје.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Познат распоредот на младата репрезентација: Прво гостување во Полска, потоа на домашен терен со Италија

Македонската репрезентација до 21 година, вчера ги доби противниците...

Алкарас изведе тениско лудило кое ќе биде кандидат за поен на годината

Карлос Алкарас не пронајде вистински противник во Андреа Вавасори...

Кирјиос: Лудилото со допингувани тенисери мора веднаш да запре!

Австралискиот тенисер со грчко потекло, Ник Кирјиос, даде изјава...

Жизел Бундхен доби трето дете, прво со седум години помладиот џиу-џицу тренер

Бразилската манекенка Жизел Бундхен (44) го роди своето трето...