Ослободен од притвор возачот кој го однесе Палевски во Турција, одредени мерки на претпазливост

Date:

По три месеци поминати во притворот во Шутка, Стефан Димковски, возачот кој го возеше Љупчо Палевски-Палчо, главниот осомничен за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, низ Србија, Бугарија и Турција, е пуштен да се брани од слобода. 

На Димковски му се определени мерки на претпазливост, забрана за напуштање на живеалиштето,одземени му се пасошот и возачката и има обврска повремено да се јавува во суд. Одлуката ја донел скопскиот Кривичен суд по барање на обвинителството. Димковски и натаму се сомничи дека му помогнал на Палевски да избега од Македонија, откако тој го извршил двојното убиство. Од обвинителстовот објаснуваат дека е побарано да се преиначат мерките за него поради тоа што за кривичното дело „помагање“ за кое е осомничен и максималната затворска казна дозволуваат притворот да трае до три месеци.

„ Со оглед на кривичното дело за кое е осмничено лицето и запретената затворска казна, максималното законски возможно траење на притворот за овој осомничен е три месеци. По истекот на тој рок, притворската мерка за осомничениот е заменета со соодветни мерки на претпазливост.“ – велат од обвинителството.

Димковски беше уапсен на граничниот премин Стар Дојран кусо по откривањето на грозоморното убиство на почетокот на декември лани. Како што објави обвинителтсвото на 7 декември по претходна комуникација и договор со Палевски кој се наоѓал во Србија, со возило се упатил кон Белград. Таму се сретнал со Палевски и заедно со возилото се упатиле кон граничен премин со Бугарија, Калотина. Границата ја поминале на 2 декември па движејќи се низ територијата на Бугарија истиот ден пристигнале во Турција каде биле заедно до 3-ти декември.

Палевски и понатаму е притвор во Турција . Три месеци по грозоморните убиства се уште не е познато кога ќе биде екстрадиран во земјава. Иако минисерот Лога во декември кажа дека тоа ќе се случи во најкус можен рок, последните информации од министерството за правда се дека чекаат да завршат административните процедури.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Очајна недела за Салах: Англичаните го ставија на столбот на срамот!

Сѐ одеше како подмачкано до минатата недела за Египќанецот.Фудбалерот...

Трогателна сцена од тренингот на Македонија: Обединети во тагата 

Во траорна и максимално непосакувана атмосфера, македонската фудбалска репрезентација...

Австралија дозна голема вест: Првиот пик од НБА драфтот сака да игра во Лос Анџелес на Олимпијадата

Иако Олимписките игри во Париз се практично завршени, а...

Немири во Кочани: Демолирано кафулето на сопственикот на кабаре „Пулс“

Инциденти на протестите во Кочани за трагично загинатите во...