Ослободени австралискиот пилот и двајцата службеници кои беа киднапирани во Папуа Нова Гвинеја

Date:

 Австралискиот пилот на хеликоптер и двајца функционери на локалната власт, кои денеска беа киднапирани во Папуа Нова Гвинеја, се ослободени неколку часа подоцна по преговорите.

Хеликоптерот слета во близина на планината Сиса во провинцијата Хела. Трите лица кои се наоѓале во леталото биле киднапирани од вооружени лица.

Заложниците беа ослободени неповредени благодарение на активностите на голем број безбедносни лица кои преговараа со киднаперите со посредство на локалните лидери, соопшти полицијата, без да даде повеќе детали.

Дејвид Менинг, полициски комесар на Папуа Нова Гвинеја, рече дека сторителите се следени и постои подготвеност да се употреби смртоносна сила во случај на отпор при апсење.

– На нашата земја и е смачено од овие домашни терористи кои ја поткопуваат безбедноста на нашите заедници и нема да дозволиме да се движат слободно, рече Менинг.

Пред една година, австралиски археолог и двајца локални истражувачи беа киднапирани во истата провинција во Папуа Нова Гвинеја.

Тие беа ослободени повеќе од една недела подоцна, откако им беше платен откуп на киднаперите.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Вардар ја слави својата 12-та титула, а Седлоски четвртата!

Готово е. Вардар е првак на Македонија за сезоната...

Гвардиола им ветил Ролекси на играчите на Барнли ако го сопрат Арсенал

Кулминира драмата во борбата за шампионската титула во Премиер...

Трамп: Само САД и Кина можат да дојдат до иранскиот ураниум

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека само САД и...