ОСВОЈУВАЊЕ НА ПЕЛАПОНЕЗ ОД ХЕЛЕНИТЕ – ДОРЦИ (29)

Date:

ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ“ ОД АКАДЕМИК АНТОНИЈЕ ШКОКЉЕВ – ДОНЧО И СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН

Нестор бил најмлад син на Нелеј, оженет со Евридика, која му родила две ќерки и седум сина: Пизистрат, Антилох, Трасимед, Арет, Персеј, Стратих и Ехефрон. Бил мудар и храбар крал на Пилите. Учествувал во прочуениот лов на Калидонскиот вепар и во походот на Аргонаутите. Бил многу ангажиран во подготовките на Тројанската војна, кога со Одисеј собирал војска по цела Елада. Одел дури до Фтија во Тесалија да ги наговори Ахил и Патрокле за војна.

Пред Троја Нестор стасал со деведесет лаѓи и двата сина, Антилох и Трасимед. Во текот на Тројанската војна се истакнал како „коњаникот Нестор“ и бил главен советник и мудар стратег (Хомер, I 1, IV, 170). По освојувањето на Троја среќно се вратил во родниот Пил, во својот раскошен дворец, каде дочекал длабока старост и таму бил погребан.

Кога Хелените-Дорци го освојувале Пелопонез, во 1104 година пред Христа, многу Нелеиди ја напуштиле Месенија и се населиле претежно во Атина, каде со Лапитите се вклучиле во кралските владејачки семејства, до 1044 година пред Христа. Според Херодот (V, 65) и Паусанија (II, 18. 8), некои Нелејци го преживеале елинскиот налет во Месена.

Меѓу најпознатите братства на Нелејците од Пил во Атина спаѓале: Пизистратидите, Кодридите, Алкменоидите и Пајонидите.

Посебно за Пизистратидите, Херодот (V, 65) истакнува дека тие навистина по потекло биле од Пил и биле потомци на кралот Нелеј, исто како и фамилиите Кодра и Меланта, кои порано се доселиле во Атина и таму станале кралеви.

Покрај тоа, Нелејците биле тие кои најмногу влијаеле во обликувањето на општествено-социјалниот и економскиот живот во Елада, во т.н. архаичниот период (VIII-VI век пред Христа), во периодот на класичната грчка цивилизација. Тие придонеле во реформите на „полис-државите“, со преодот од кралското уредување и тиранија до демократија, како врв на политичкиот живот.

Пизистрат бил Хипократов син, кој владеел со Атина седумнаесет години (560-543), односно трипати бил избран за тиранин и трипати бил протеруван (шеснаесет години).

Неговиот период се смета за најславен во историјата на Атина, а тој како најголем политичар (Папаставро, 1972 г., 124). Аристотел (Полит. 2, 7) за него вели дека бил „голем хуманист, милостив и демократски етичар, способен политичар и војсководец.“ Покрај тоа, Пизистар бил прв кој ги собрал Хомеровите дела. Умрел во 528/7 година пред Христа

По неговата смрт, владетел (архонд) на Атина станал неговиот син Хипиј, кој управувал со државата до 520 година пред Христа. Го наследил неговиот син Хипарх, до 514 година пред Христа. Времето на Пизистратидите претставувало највисок степен на атинската, па и на грчката цивилизација во архаичниот период. Со Пизистратидите се завршил периодот на тираните, кога со помош на дорската-елинската Спарта на сцена стапува наредната Нелејска фамилија, Алкмеониди.

Алкмеонидите биле потомци на Алкмеон, внук на Трасимед. Имено, Трасимед, заедно со својот брат Антилох, го придружувале својот татко Нестор во Тројанската војна. Антилох во војната загинал жртвувајќи се за да го спаси татка си и бил погребан на Хелиспонт, заедно со Ахил и Петрокле. По разурнувањето на Троја, Трасимед среќно се вратил во родниот Пил (Хомер, I, 1, 8, IX и понатаму). Трасимед бил татко на Сил и дедо на Алкмеон, предок на атинското семејство Алкмеониди. Бил погребан во Пил (Паусанија, II, 18. IV. 36).

Алкмеон бил последен доживотен архонт на Атина, 757 година пред Христа. Негови потомци биле: Мегакле, Клистен, Клиниј, Перикле, Клиниј II, Алкибијад, Клиниј III и др. Ќе наведеме позначајни личности од ова големо братство.

Мегакле бил атински политичар и архонт. Бил познат по тоа што во 612 година пред Христа ја уништил Килоновата странка. Неговиот внук, под исто име, бил противник на Пизистрат, додека, пак, правнукот бил дедо на Алкибиад.

Ковани пари со ликот на Перикле

Клистен бил син на Мегакле и Агариста, глава на Алкмеонидите во Атина. Извршил реорганизација на општествениот систем и ја зацврстил демократијата. Новата демократија на Атина наишла на реакција на конзервативната Спарта, па дошло до воен судир. Заради оваа криза дошло до сојузништво меѓу Атина и Персија, а подоцна и до грчко-персиските војни, 490-479 година пред Христа.

Меѓу значајните Алкмеониди спаѓа и Перикле (499-429). Бил син на Ксант и Агариста, најславен демократски државник на Атина, претставник на ,златниот Периклев период’, на класичната грчка цивилизација. Водач на демократската партија во Атина. Владеел цели дваесет години. Спровел крупни демократски, политички и економски реформи. Бил мецена на филозофијата и уметноста.

Ја разубавел Атина со величествени градби на Акропол (Пантеон, Пропилеј итн.), ја зацврстил одбраната на градот со тврдини како што биле „Долгите ѕидови“ до Пиреја и сл. Покрај тоа, им помагал на значајни уметници како што биле скулпторите Фидиј и Мирон, сликарите Аполодор и Полигнот, филозофот Анаксагор и др. Умрел во 429 г. пред Христа во Атина.

Роднина на Перикле бил Алкибиад (450-404), син на Клиниј, познат Атињанин, ученик на Сократ. Бил многу надарен, станал атински војсководец и државник, и наследник на Перикле. Тој бил претставник на новата генерација софости.

Како одличен говорник, успеал да ги наговори Атињаните да ја обноват војната против дорска-елинска Спарта, 415 година пред Христа, па така започнала II Пелопонеска војна, кобна за Атина. Војувал против Сицилија, а бил сменет од високото место бидејќи бил обвинет дека ги навредува боговите.

Пребегнал кај Спартанците кои, благодарејќи му нему, тешко ги поразиле Атињаните, но сепак се смирил со нив во 408 година пред Христа. И повторно станал воен заповедник. Животот го завршил во Мала Азија, каде што го убиле Персијците по налог на Спартанците. Неговото предавство на демократска Атина и пребегнувањето во аристократските земји Спарта и Персија, претставуваат типичен пример на човечката совест во периодот на пропаѓањето на грчкото робовладетелско општество, непосредно пред потпаѓањето на Грција под власта на Македонија.

Следни потомци на славните пилски кралеви Нелејци, од лозата на Нестор, биле Кодридите. Тие свој патроним добиле од Кодро, митски крал на Атина, кој бил син на Мелант.

Продолжува

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Е. Пелистер добро се намачи за да го победи Охрид

Ракометарите на Еурофарм Пелистер дојдоа до победа над Охрид...

Кристал Палас направи чудо и го победи Манчестер Сити во англискиот ФА куп

Тоа беше ден кој засекогаш ќе живее во срцата...

Пјастри најбрз и на квалификациите на Имола

Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, ја освои пол-позицијата пред...

Рецепт за домашен сок од јагоди кој се подготвува брзо и лесно

Во сезоната на јагоди кога пазарите ќе замирисаат на...