„Освоив Оскар, а си легнав сосема сама…“: Никол Кидман откри како страдала по разводот со Том Круз

Date:

Холивудската ѕвезда Никол Кидман (56) се присети на горчливо-слаткиот момент кога ја освои престижната филмска награда Оскар во 2003 година, по разводот со актерот Том Круз (61), објави „Пипл“.

Кидман го освои својот прв Оскар за улогата на Вирџинија Вулф во филмот „Часовите“ („The Hours“), кратко откако го заврши разводот на 11-годишниот брак со Круз.

„Се борев со некои работи во мојот личен живот, но нештата во мојот професионален живот одеа толку добро“, му открила Кидман на новинарот Дејв Каргер, за потребите на неговата нова книга „Педесет оскаровски ноќи“ („50 Oscar Nights“), во која познатите личности споделуваат досега нераскажани приказни поврзани со Оскарите.

Додека ја прифаќаше својата статуетка, актерката накратко се „скрши“ на сцената, велејќи ѝ на публиката: „Расел Кроу ми рече да не плачам кога ќе се качам (на сцената), а јас плачам сега“.

По свечената церемонија на Оскарите, Кидман почувствувала желба да си отиде дома.

„Јас не сум голема љубителка на забави, па сакав да ја прескокнам забавата на ‘Венити фер’. Но, сите ми рекоа: ‘Мора да одиш. Мора да прошеташ со твојата статуетка’. Јас им одговорив дека тоа ми личи на глумење лудило и дека не ми делува скромно. Едноставно, не може да се шеташ со наградата наоколу, тоа е толку несоодветно. А, тие ми одговорија: ‘Тоа е тоа што треба да го направиш’.“

Сепак, актерката присуствуваше на забавата на „Венити фер“ и со себе го носеше својот Оскар.

„Буквално – влегов, го носев Оскарот наоколу, бев целосно уништена, емотивна, се тресев и не уживав. Речиси се извинував, што е толку глупаво. Посакувам да можев да уживам повеќе“, призна таа.

На крајот од сѐ, Кидман се соочила со осаменоста и почувствувала силна потреба да најде нова љубов во животот.

„Си отидов дома по Оскарите и сѐ заврши така што си нарачав храна и ја изедов на подот во хотелот ‘Беверли Хилс’. Седев на подот од хотелот, јадев компирчиња и хамбугер со семејството и си легнав. Потоа ми дојде сѐ. Си помислив: ‘Треба да ја најдам мојата љубов. Ми треба љубов во мојот живот’. Бидејќи ова беше момент кога треба да си кажеш: ‘Ова е наше’. И си легнав сама, бев во кревет пред полноќ. Ако некогаш освојам нешто повторно, ви велам, ќе бидам надвор 24 часа“, раскажа актерката.

Да потсетиме, Никол Кидман и Том Круз се венчаа во 1990 година, а се разделија во 2001 година, на големо изненадување на нивните обожаватели. Заедно имаат две деца – ќерката Изабел (31) и синот Конор (28), кои ги посвоија.

Кидман почна да се состанува со пејачот Кит Урбан во 2005 година. Двојката стапи во брак во 2006 година и оттогаш ги добија двете ќерки – 14-годишната Сандеј Роуз и 12-годишната Фејт Маргарет.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Што најмногу се слушаше на Spotify во 2024 година?

Spotify ги објави своите годишни листи на најслушани артисти,...

Амбер Херд денес има добри вести, повторно е бремена

Актерката Амбер Херд, која беше во брак со Џони Деп...

Сите мислеле дека Донатела Версаче конечно се подмладила, но кога ја виделе во живо, ситуацијата била поинаква!

Донатела Версаче пред својот 70. роденден изгледала освежено и...

Клои Кардашијан: Терапевтот им кажа приватни детали од мојот живот на таблоидите

Риалити ѕвездата Клои Кардашијан откри дека оди кај терапевт,...