Оригиналните сценарија од две епизоди на „Пријатели“ одат на аукција

Date:

Оригиналните сценарија од две епизоди од глобално популарната телевизиска серија „Пријатели“ (Friends) сместени во Обединетото Кралство ќе бидат понудени на наддавање, објави во четвртокот BBC.

Нацртите на епизодите од четвртата сезона на познатиот американски ситком ги пронашол во 1998 година од вработен во студиото „Fountain Studios“ во Вембли, каде што е снимемо финалето на сезоната во две епизоди наречени „The One With Ross’s Wedding.

Аманда Батлер од аукциската куќа Hanson Ross вели дека сценаријата требало да бидат уништени за да „не протече крајот на нив“, пренесува BBC.

„Очигледно, на актерската постава и на екипата им било наложено да ги уништат нивните копии (од скриптите) за да не протече крајот. Сепак, овие две се лизнаа низ мрежата“, вели Батлер во соопштението за печатот.

Сепак, вработен во студиото до 1999 година, кој останува анонимен, ги пронашол свиткани во корпа за отпадоци неколку седмици по снимањето. Оттогаш ги чувал во фиока, но решил да ги продаде при неодамнешното расчистување.

„Не бев сигурен што да правам со нив, па само го ставив во фиоката во мојата канцеларија. Се сеќавам дека се прашував на кој член од актерската екипа можеби припаѓаат. Го напуштив студиото Fountain во 1999 година и кога дојдов да го исчистам моето биро, само збришав сè во голема картонска кутија. Заборавив дека сценаријата беа таму… Завршија во фиоката покрај креветот и оттогаш се таму“, вели анинимниот продавач во изјава која ја лиферуваше аукциската куќа.

Се очекува скриптите на наддавањето да достигнат цена меѓу 600 и 800 фунти, но може да биде многу повисока. На продажба ќе бидат понудени , заедно со пуловер од продукцијата и ДВД-сетот на „Пријатели“.

„Помалку се смешни, јас не сум голем фан на ‘Пријатели’. Не ми се допаѓа серијата, но неодамна ги гледав епизодите за кои ги имам сценаријата. Американскиот хумор е различен од нашиот (британскиот). Овие сценарија заслужуваат да бидат во сопственост на голем фан на ‘Пријатели’“, додава продавачот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Што се случува со Џастин Бибер? Пејачот се прошета по бањарка, изледа неуредно и депресивно

Познатиот канадски пејач Џастин Бибер (30) повторно предизвика загриженост во јавноста...

Кевин Спејси повторно тужен за сексуално злоставување

Холивудскиот актер Кевин Спејси се соочува со уште една тужба за сексуално...

Колин Хувер се врати на „Инстаграм“ и ги избриша сите фотографии со Блејк Лајвли

Авторката на бестселерот „Завршува со нас“ Колин Хувер се...

На концерт на Шакира публиката скандира против Пике

Публиката на концертот на Шакира во Рио бурно скандирала против...