Општина Центар нема да даде пари за црква во Берлин, советниците гласаа против предлогот

Date:

Советот на Општина Центар на денешната седница не го изгласа барањето за донација на средства на „Македонска православна епархија за Европа – Берлин“ за изградба на црква. Против барањето за донација гласаа 10 советници, немаше ниеден глас за и немаше воздржани.

Градоначалникот Герасимовски пред советниците истакна дека законска обврска е секое барање за донација да се стави на гласање.

„Наша законска должносте да ја ставиме точката на дневниот ред и да дискутираме за истата. Шпекулациите на оваа тема беа очекувани со оглед на тоа дека се наближуваат локалните избори и само се гледа како по секоја цена да се добијат политички поени пред изборите. Но, граѓаните се свесни и знаат што и колку кој има сработено во овие три години колку работиме, кој продава магла, а кој работи во интерес на граѓаните. Некои од порталите излегоа со невистини, колку ќе се донира и само што не напишаа сума. Таргет беше градоначалникот, бидејки голем дел од насловите беше дека Герасимовски донира, донирал или слично. Тоа го демантиравме на некој начин, но ќе ги замолам советниците информации прво да побараат од општината, а не да ја манипулираат со јавноста со инфилтрирање на лажни инфомации и приказни до порталите а потоа тие исти лаги да се шират во јавноста“, истакна Герасимовски.

Советниците отворија дискусија и за потребата од поставување клима уреди во основните училишта. Дел од советниците потенцираа дека јавноста и родителите се поделени во врска со ова прашање и затоа е потребно градоначалникот да изготви целосна информација за евентуалното поставување клими во училиштата, притоа земајќи ги предвид сите аргументи за и против донесување ваква предлог одлука.

На 40. Седница, Советот на Општина Центар усвои и предлог одлука за повторно доделување на бесплатни термини за КК Работнички во спортските сали на сите основни училишта.

Разгледани се и полугодишните извештаи на општинските сектори, како и два урбанистички проекти.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

МНР ги повикува македонските граѓани да не патуваат во Либан, Израел и Иран

МНР со апел до сите македонски државјани веднаш да...

И ПО 29 ГОДИНИ НЕРАЗРЕШЕН АТЕНТАТОТ ВРЗ ГЛИГОРОВ

На 3 октомври, пред 29 години, извршен е атентат...

Пезешкијан: Западните ветувања беа лажни, ќе одговориме на Израел

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан одржа состанок со политичките претставници...