Опра Винфри никогаш послаба и со исклучително тенок струк

Date:

Опра Винфри беше една од најзабележителните гостинки на престижниот настан „Annual Academy Museum Gala“ во Лос Анџелес, и тоа не само поради нејзината впечатлива тоалета!

Имено, славната водителка ја покажала исклучително витката фигура и се чини дека никогаш не била послаба.

Славната 69-годишна Опра избрала да ја покаже својата нова фигура во виолетова тоалета на „Dolce & Gabbana“ со светки, а креацијата со долги ракави го истакнала нејзиниот тенок струк.

Опра Винфри го заокружила изданието со ефектен накит, а косата ја врзала во гламурозно високо опавче. Одамна не сме ја виделе во вакво гламурозно издание.

Водителката пред неколку месеци ги коментираше шпекулациите дека го користела популарниот лек Оземпик за дијабетичари, кој го користат многу познати личности за слабеење, но има многу опасни несакани ефекти. Таа истакна дека не го користела бидејќи чувствувала потреба да ја „стесни“ фигурата на потешкиот начин.

Опра исто така се осврнала и на нејзината долгогодишна борба со килограмите и обидите да остане слаба за да ги задоволи општествените стандарди.

„Ова е свет кој отсекогаш ги срами луѓето поради прекумерната тежина и сите ние што сме биле во таа кожа знаеме дека луѓето ве третираат поинаку – тие едноставно го прават тоа“, вели водителката.

„А јас сум Опра Винфри и знам сè што доаѓа со тоа и ме третираат поинаку ако имам 90 килограми повеќе во однос ако имам 90 килограми помалку… Постои стигма. Зарем не треба сите ние да го прифатиме било кое тело во кое некој се одлучи да биде? Тоа би требало да биде ваш избор“, заклучила таа.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Бенедикт – доручек со јајца

Потребни состојки:2 јајца2 лепчиња за бургер (или земички)4 парчиња...

Денови на хаос над европското небо поради затворање на Хитроу: Десетици летови се откажани

Патниците ширум светот се подготвуваат за денови на хаос...

Македонија има нов херој: 19-годишниот Јован од Виница спаси над 20 деца во пожарот во Кочани

Тивкиот хероj во големата трагедија. Вака на социјалните мрежи...

Се проширува листата на осомничени, првите пациенти на лекување во странство се очекува да се вратат во понеделник

Активностите на полицијата и на Обвинителството за истрагата за...